во (предл.) - опасност (имн.)

Реконструкцијата не смее да се врши на начин со кој се навредува јавниот ред и морал или се доведува во опасност животот или 206 здравјето на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 21.III.2011, во Скопје. Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд – Скопје II е: VI П.бр. 1882/08; а бројот пред Апелациониот суд – Скопје не успеавме да го дознаеме и покрај неколкуте обиди од наша страна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Реконструкцијата може да се спроведе во потполност или со делумно користење на компјутерски симулации.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Телесната повреда се квалификува како „тешка“ ако некому тешко му е нарушено здравјето и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на повредениот; или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој важен дел од телото или 202 некој важен орган; или ќе биде предизвикана трајна неспособност за работа воопшто или за работата за која е оспособен; или трајно и тешко ќе му биде нарушено неговото здравје или ќе биде нагрден (в. чл. 131, ст.3sq од КЗ). 3.  Поради тоа што оваа машина работи под напон [на електричен погон] и под висок притисок има правен третман на „опасна ствар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И јас не се плашам толку за себе колку за оние двајца светци над оној град крај морето кои се во опасност да паднат во овие црни водје.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со тоа тое веднаш ќе знаат што сè знам јас, а како што е познато најчесто самото знаење на работи што не треба да ги знаеш е доволно да бидеш во опасност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гледачите многу повеќе ќе се вознемиреа ако главниот јунак се најдеше во опасност, а не неговиот противник.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еве и една занимлива работа: вистинскиот саботер, Фрај, кога со такси стигнува до Кипот на слободата, погледнува низ прозорот од својата десна страна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јас морам да избегнувам да сум нереален, но ако сум внатре реалноста, реалноста може да е однадвор, и ако сум веќе празен одвнатре, ќе се најдам себеси во опасност суштествувајќи празен, нереален, лажен и лош.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се додека тие се, ние сме во опасност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од наша страна, од страна на Организацијата, слободни сте да си одите по вашите домови без да бидете во опасност од уќуматот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многу од четниците и востаниците, што одеа и со едната група, и со другата, одвај го дочекаа ова соопштение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега навистина сте во опасност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Скот: Полека. Ако ги навредуваш, и мене ме доведуваш во опасност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Оваа психичка драма на топлина и присност помеѓу уметникот и публиката зборува за исцелувачката природа на Бојсовата уметност - за неговата терапевтска мисија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа бил облик на самооздравување во кој ги отстранил и ги превртел самопоткопувачките чувства што неговите очигледно ладни родители ги всадиле во него и кој му бил потребен како материјал за создавање сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И Бојсовата уметност била оздравувачка фантазија - еден вид на сизифовско оздравување при кој емоционално пореметениот пациент, борејќи се да стигне до врвот на ридот на здравјето, секогаш е во опасност повторно да се стркала доле, но кој сепак продолжува да се качува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега, ако си во опасност и ќе те брани...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа го повика два пати, молејќи го, итно, како да беше во опасност, и нејзиниот глас сè уште му одѕвонуваше во ушите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Може да си го дозволи тоа, зашто геј-мажите, за разлика од жените, никогаш не се во опасност докрај да бидат сведени на својата општествена обележаност и позиционираност како женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да се третира неавтентичноста што му е вродена на секој општествен израз на чувство како нешто помалку од трагично, да се одбива да се види во неа нешто помалку возвишено од грепкање по границите на смртноста, значи да не ѝ се дадат нејзиното целосно човечко значење и нејзината целосна човечка тежина, да се одбива да се признае како она што трагедијата тврди дека е: имено, погубен знак за длабокиот и болен расцеп што машката кавга со небесата или со таткото го отвора во самиот поредок на човечкото значење – симптомот на егзистенцијална криза што ја доведува во опасност самата општественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не затоа што, ако се откажеме од него, ќе се усреќиме, туку затоа што тоа што ќе одбиеме да си го компромитираме посакувањето на она, правото, нема да постигне ништо и уште повеќе ќе нѐ унесреќи и ќе нѐ јадоса: ќе предизвика губење на малкуте вредни нешта во светот што навистина ги поседуваме и ќе нѐ натера да ги уништиме токму битијата што ни се најдраги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека се обидува да ја издигне положбата на жените, да ги препретстави како достоинствени, сериозни, јуначни, авторитативни, способни, даровити, љубовни, заштитнички и, воопшто, подобри од мажите – со други зборови, далеку од тоа дека се обидува да шири позитивна слика за жените – традиционално машката геј-култура доследно ужива во претераните, гротескни, извештачени, недостоинствени, одвратни, абјектни прикажувања на женственоста и во нив го бара својот одраз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Освен ако неавтентичноста што му е вродена на општествениот израз на чувството не се сфати како трагична, а не како комична – како сериозна наместо смешна или дефлациска – трагедијата не може да ја добие почитта што ѝ припаѓа во културна смисла.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На самите жени, пак, искуството дека се жени можеби и не им е секогаш многу-многу иронично, а камоли начисто урнебесно, иако и тоа како може да имаат желба или потреба, одвреме-навреме, да се тргнат од него и да се оградат од неговите општествени значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа што машката геј-култура истовремено ја прифаќа и иронично ја обратува абјектната општествена позиционираност на жените може да биде полезно за да се објаснат некои упорни недоразбирања меѓу геј-мажите и феминистките, како и да се објасни гласот што ја бие машката геј-култура дека е мизогина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таква е, барем, визијата на класичната трагедија, онака како што по правило произлегува од јуначките судири меѓу мажите од различни поколенија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во хипертекстот, имено, системот на повеќенасочните и често лавиринтски врски повеќе го ангажира творецот да се бави со споевите, смеровите, мрежите, мапите - значи, со структурата, не со стилот, фактите, ликовите, заплетот, така што овие традиционални елементи на литературата се дефинитивно во опасност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се надевам, зашто јазикот е озонски слој за душата, и ние го проретчуваме на сопствена одговорност, доведувајќи се самите во опасност. Sven Birkerts, Boston Review 76 Margina #1 [1994] | okno.mk СКАНИРАЊЕ НАСПРОТИ ЧИТАЊЕ Отворете книга или часопис и сте создале екран зад кој можете да се криете.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако пак се случи да биде уапсен како сомнителен, тоа многу лесно можело да дојде до апсење и на некои од гемиџиите, како негови другари со кои тој се дружел а тоа можело да го доведе во опасност исполнувањето на главниот дел од планот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Паробродот започнал силно и продолжително да свири, давајќи со тоа знак дека е во опасност и дека бара помош.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Интелигенцијата има, според еднодушната согласност, општествена задача да ја критикува основаноста на институциите не нанесувајќи им штета, да ја преземе на себе улогата (за да спречи некој тоа да го земе за сериозно) на бранител на јавноста од малверзации; таа е барон шарлатан.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се будев следното утро и читав. Три дена, не правев ништо друго освен што ја читав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мојата универзитетска кариера беше во опасност, само лежев наоколу и ја читав. ТЛ: Она што јас го направив - најпрвин, само ја прочитав. читав цел ден додека да ги изгаснат светлата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тогаш се вратив назад и почнав да правам белешки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во четвртиот дел на најдебелите досега “Маргински елементи на самосвест”, делумно и како вовед во малиот тематски блок за Борхес, го пренесуваме текстот “Борхес и Дерида”. (...) Статусот на интелигенцијата е заснован врз еден систем од распространета измама, организирана по станици и меѓустаници, толку заплеткани и меѓусебно оддалечени што, во случај оваа или онаа станица да падне, целината не се доведува во опасност; но, кога ќе се појави решителен превратник, голем саботер, оној којшто удира врз централата, се дава знак за узбуна и членовите на заедницата од сите чинови јуришаат на бедемите со врело масло.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И до оној кој е во опасност има луѓе, само свртени му се со грб, и не можат да знаат што му се случува, затоа што погледот на оној кој е во опасност, и нивните погледи, гледаат во различен правец, кон други пејсажи, кон различни неба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние зборувавме: „Да се биде луд е исто што и да се биде во опасност, да се прави обид да се викне за помош, а никаков глас не може да излезе од устата – грлото се напрега, и јазикот, и усните, а сѐ е попусто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, гледаме кон различни неба.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тескобноста и интелектуализмот - сосема автентичната тескобност на опстојувањето но и разиграно-очајничка склоност или очајнички-разиграна склоност таа angos- cia (тескоба, мака, тага, јад, мора) некако да се надмине - двете склоности водат во опасност од расцепување на свеста. (...) Ако пак споредуваме со нашиот век, можеме да речеме дека во најуспешните криминалистички романи поезијата на бесмислата често изнедадува, тоа е “meravi- glia” за интелектот, средство за возбудување на сетилата, за фантазијата пејсаж со “монструми”, а за разумот “inganno” (мамка).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На некое повисоко драмско ниво сè се брише, речиси секој има двојно лице, како во, на пример, највеличественото дело на маниризмот (освен “Хамлет”, се разбира), “Мера за мера”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Не? Добро; откривањето на документот на трето лице, кое нема да го именувам, би ја довело во прашање честа на една личност од мошне висока позиција; и оваа околност му дава на имателот на документот моќ над видната личност чиишто чест и спокојство на тој начин се доведуваат во опасност.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа одеднаш наидува на нешто што се грчи и крие одоздола.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој се штрекнува како ловец во опасност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа наоѓајќи се во опасност и немајќи каде, се искачи на едно дрво.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
»» Но, овде не се само поимите туку главата е во опасност. Лесно може да се загуби.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бидејќи сè додека народњаштвото како општо чувство на општествениот живот биде доминантно (како српскиот задружно радикален и хрватскиот провинцијално средноевропски ФОЛКИШ), дотогаш ќе ги трпиме сите последици на одржување и дотирање на едно одамна насукано трупиште, во кое ајдуците и ускоците, во својство на управник на светилникот, веќе го пљачкосале и последниот златен заб од вилиците на настраданите патници. 14. 10. 1991 Маргина 36 27 Еднодимензионални народи Народ што не знае на сопствената волја да ѝ стави цивилизациска граница (да изнајде ФОРМА), кој не знае да се самосовлада во законот и правната норма, кој како единствена вредност го зема и истакнува сопственото постоење, доброволно се определува за робување самиот на себе (а тоа се најлоши ропства) и, на крајот, паѓа во опасност од билошко исчезнување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бразавил и Леополдвил беа во опасност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не му беше тешко да се ослободи од грешката и не беше во опасност да ѝ подлегне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во исто време, свеста дека земјата е во војна, според тоа во опасност, го прави предавањето на власта во рацете на една мала елита природен и неизбежен услов за да се преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие беа секојдневните прашања што им се наметнуваа на овие мајки, како на секоја мајка кога и е чедото во опасност.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во текот на целата своја кариера, Алфред Хичкок покажуваше потреба да се заштити од актерите, продуцентите, техничарите, бидејќи и најмалата слабост или најмалиот каприц на еден од нив можеше да го донесе во опасност интегритетот на филмот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не само да ја загадуваме туку и да ја доведуваме во опасност, во таква опасност којашто се заканува да го уништи животот на планетата Земја, можеби и целиот сончев систем. Најверојатно...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зашто сите тастери на неговиот дух оттчукуваа кратки вести СОС еден живот е во опасност СОС помош СОС живот СОС смрт. * Свилениот плач на дождот, Марија, густ е и неподнослив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кај Старова, јагулите доведени во опасност имаат заеднички белег со селаните кај Распутин, прогонети од своето огниште: стравувањето да се видат во олтарот на прогресот, жртвувани се душата и вредностите на едно место во кое се живеело.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ајде, да не велам, во опасности!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не се срамам од тоа дека помислив во еден момент оти сепак Аксја е таа жена што ќе те поведе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еве, дали меѓу многуте вести вчера си ја забечежал оваа: -Загрозена планета - значи, во последниве четири столетија тотално исчезнале 654 видови растенија, а во денешниве услови загрозени се 3 632, а во опасност се 5 687 видови растенија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Меѓу припадниците на изолационистите, иако меѓу нив имало и доста чесни и патриотски настроени Американци, свое место нашле и го подржувале Комитетот и извесен број реакционерни елементи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Изолационистите, спротивно, тврделе дека Хитлер никогаш не ќе може да ги зацврсти своите победи и заземени територии, па дури тој и да победи ќе може со него да се направи договор, но во никој случај, според нив, САД нема да дојдат во опасност да бидат нападнати.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа пак дојде во нашите краишта дури по години, по Илинденското востание кога крстот дојде во опасност, кога камбаната удри за борба и кога јас уште еднаш го кренав селското знаме за јуриш кон Слобода.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На другата кривина нѐ осветлија, тогаш дојде курирот и рече дека четата е во опасност, но додека ние се извлекувавме, германската колона пристигна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)