во (предл.) - орман (имн.)

А кога во време мала пладнина оттаму, од гората, се разнесе лелекањето на старецот (лелекаше и молеше тој за христијаните паднати во бојот со Турците на Марица и за сите христијани паднати во боевите со нив, лелекаше и ги колнеше Јована Кантакузен и Григорие Паламас, кои, за да се одржат на престолот на веќе разнебитеното византиско царство, се сојузи со нив, со поганците, а тие, пеколниците, кога се нашле едноаш на небранет пат, пред ништо и пред никого немало да запрат додека сѐ не изгореле и не испоганиле) сите го ожалија; си рекоа старецот, оставен сам таму во орманот, се поштукнал од умот и сега гласно си го кажува тоа што не смееше ни да го шепоти додека си беше прикрепен на умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но иако и двајцата се сложија со тоа, сепак Павле не го поткошкна баш онака палтото, како што правиме обично со старите алишта за кои мислиме дека не се повеќе за пред свет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му одаде Павле достојно признание на палтото и ѝ кажа на жената да не го става в орман - отсега ќе го носи само покуќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Единствена деградација - знак дека палтото си го отслужило своето, - што немаше повеќе за него место во орманот и што висеше на еден клинец зад кујнската врата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Обично кога се враќаа од биоскоп или театар, Павле и жената, покрај другите работи по излозите меркаа и штоф за ново палто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во орманот има две гардиски униформи...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во нашите предели не знам како се прави другаде е обичај да се ставаат во ормани ќесички со лаванда помеѓу ткаенините и облеките за да ја примат нејзината миризба.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Арно ама никако не напредуало момчето во работата, - учи, учи, тиква буччи, што рекле стари.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Многу пати го здружуале со некои дрварчиња и го праќале в орман да збира дрва со едно магаре за да се алаштиса и да бидит и тоа домаќин, како што бил некоаш и татко му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Потоа ми помогна да го соблечам палтото и го затвори во орман веднаш до вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Јас стигнав пред тебе! - шепкаше со ист интензитет Кристина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Затоа кога беше дома, седеше крај баба си, а кога ќе одеше со волови, стануваше рано пред сите и се губеше од окото на секој човек пасејќи ги воловите по падини скриени во орманите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Меѓутоа, кога виде дека децата му се скрија во орманот не свртувајќи се, одеднаш стана и тргна по нив со очите полни со солзи од лутина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Арамијата Луман ни збор повеќе не рече и се изгуби во орманот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе ги кротне Мартин воловите и, онака сам, ќе се заигра, а децата ќе го здогледаат и скришум ќе му го отераат едниот вол во орманот, и после кутриот Мартин по цели денови плачејќи го бараше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И јет змејата полна от дрва, от бука, от дабој, от врба, от тополика, јасика, от селвиа, от бор. от тополика, јасика, од селвиа, от бор. И друзи се најдуат во орманот... (Од „Четиријазичникот“ на поп Данил)
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Сите фиоки во орманот се мали сандаци каде што илјадници вчерашнини лежат затворени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)