во (предл.) - пајажина (имн.)

Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Татко ми го сопираше, му велеше дека пред да стигне до клучните луѓе, ќе се изгуби во пајажината на помалите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Над аурот имаше едно одајче, сега целото во пајажини и од кое се излегуваше на едно чардаче виснато високо над реката, чардаче до коешто се качуваа надворешни скали и на чиишто други имаше дупка во душемето за понадвор.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Насетуваше страв во кој тој би бил пајакот а сите оние невидливи зборови за кои стрепеше дека некогаш некој ќе ги изговори или уште полошо, некој знае за нив иако не ги гледа, а тие знаат за тоа и стрпливо чекаат со чувство, дека им е сосема сеедно - порано или подоцна, дека тој сѐ позачестено се откриваше во пајажина за која никогаш и под ниеден услов не би можел да признае дека е негова, тој, од него.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Осеќам дека нешто ме мачка, во пајажина ме завиткува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така сите молчеа во главниот град на јужната република, фатени во пајажината на „козјата мафија”, иако велеа, повеќе за себе, правоверните идеолози на партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сакаше конечно да го откорне од своето сеќавање значењето на тие зборови, кои жилаво се задржуваа, потсетуваа, беше невозможно да исчезнат засекогаш, остануваа прикачени во пајажината на времето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)