во (предл.) - пишување (имн.)

Уредникот на весникот ја беше забележал мојата промена во пишувањето, и с почесто се зачитуваше и се внесуваше во моите написи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Претпоставувам дека после животот што ќе го потрошат во пишување, во смртта ќе го читаат напишаното и ќе го корегираат сето она што ќе го сметаат за лошо пресликување на животната стварност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Татко, кој беше внесен со години во пишувањето на Историјата Историјата на Балканот низ падовите на империите и посебно внимание му посвети на периодот на османското владеење на Балканот, авторитетно се надоврза на заедничкиот став.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога би била посмела во пишувањето! Не само на поезијата, туку и на писмата, дневникот, на најобичните белешки!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во пишувањето тоа се одвивало со помош на таканаречени „детерминативни“ слики кои се ставале зад напишаното, и му давале смисла, а самите не се изговарале. (Ibid.,стр. 18): „Кога египетскиот збор кен треба да значи „јако“, зад неговиот алфабетски напишан глас стои слика на исправен маж; кога истиот тој збор треба да изразува „слабо“, зад буквите кои го прикажуваат гласот следи слика на стуткан, омлитавен човек.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
уште еден домат или за двосмислената свежина на дистанцата во пишување …додека ја дочитував трудољубивата писмена задача на вашиот критичар против новата проза објавена во последниот број на вашето ценето списание се сетив на една од ретките средби со дебелиот кој по сто и осумнаесет дена и ноќи во истамбулскиот затвор и четириесетина килограми помалку си мезетеше сѐ уште со истиот прекар и со истиот апетит двојна салата од домати…
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Грешките во имињата и броевите, како и други очигледни грешки во пишувањето и сметањето, недостатоците во формата и несогласноста на преписот на пресудата со оригиналот, ќе ги поправи претседателот на советот, односно судијата поединец во секое време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако повеќе парници се споени заради заедничко расправање, а за конечна одлука узреала само една парница, може да се донесе пресуда само во поглед на таа парница (чл. 311, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Теоретичарите од секогаш биле вешти во пишување - litterati - и се бореле против мислењето во слики, значи против магичното мислење, и размислувале за видовите букви.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Едгар Морен во пишувањето на оваа книга ќе ја консултира, како што вели самиот, Историјата на солунските Израелити, во седум тома од солунскиот ерудит Јозеф Нехама (Histoire des Iѕrаlitеѕ de Salonique), објавувана во Солун од 1935 до 1978 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како да се наттрчував во пишувањето со времето што ми преостануваше во животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За мене во пишувањето немаше ниту пораз, ниту победа туку истрајување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Писателот Робер Мале беше во право кога велеше дека ние Балканците тешко ќе најдеме место во францускиот читателски простор, опфатен со јазикот и стилот на Пруст, Ками, Јурсенар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како да се обидував да ги ставам на еден вид проверка натамошните планови за мојата сага, небаре го барам нејзиниот благослов во пишувањето како некогаш татковиот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе години, се документирам во пишувањето и на романот Тврдина од пепел, за кој ќе ви пишувам во друга пригода и очекувам да го завршам идната година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Едгар Морен ми се довери дека во телеграмата со благодарност која ја добил од Клод Диран, се охрабрил да му напише, во одговорот на честитката дека греши што прекинува со објавувањето на мојата балканска сага. Неговата поддршка остануваше апсолутна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За изненадување на Ване, сега на масата, од десната страна на мајка му, седеше стариот - но не оној стар што го знаеше туку сосема друг, како којзнае која копија од оригиналот што си имаше свој отпечаток дури за и на малиот прст од раката, во вид на дискретен нокот - доволно долг да му се забележи на широката и плоска дланка, но и доволно краток да не му пречи во пишувањето на службените списи, и секогаш однегуван не со ножички туку со турпиичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа е всушност обратен процес - една од формите во пишувањето на сценариото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Теоретичарите секогаш биле вешти во пишување - litterati - и се бореле против размислувањето во слики, значи против магиското мислење.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа беше најболното прашање во неговите историски потраги во пишувањето на Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Знам дека се двајца браќа; и двајцата имаат стекнато углед во пишувањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)