во (предл.) - поим (имн.)

4 Можно е, меѓу другото, да станува збор за економски влог во склопот на стратегијата на формализација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Трагата, имено, никогаш не е присутна а да не се раздвојува упатувајќи на една друга сегашност, па затоа се прашуваме што е содржано во поимот да-се-биде-присутен: присутноста на присутниот?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа да го знаеме, но не веќе апстрактно, не само во чисти категории, поими, идеи, туку во поими што се одраз на една материјална реалност, што се одразени идејни слики на светот и општеството, значи да откриеме како и на кој начин можеме и мораме да станеме „субјективни“ делови на објективната стварност, реални фактори во појавите, општеството, политиката, науката, идеологијата, уметноста итн.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
При тоа, морам да кажам дека во споменатиот естаблишмент малку кој (не по раѓање, туку психолошки и духовно) ѝ припаѓаше на култура којашто се сосредоточува во поимот град, полис, па според тоа и во поимот демократија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Татко замислено го погледна Камилски, не сакаше директно да му противречи на неговиот став или да ја искаже својата отворена согласност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние можеме само да укажеме на тоа што се задржало во поимите и треба да го истиснеме како штетно значење! упадна смислено Камилски враќајќи се на првобитниот наум во предочувањето на (без)опасните османизми во балканските јазици, за конечно да се елиминираат и да не будат погрешни и штетни асоцијации кај потомците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира, не е секоја реакција на белците за демографски измени и поме­стувања во поимите на национална култура обоена со параноја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговата екстензионална дефиниција е во поими на сличност и контраст . . . Kelly може да примени бинарна логика третирајќи ги сличностите и разликите независно едни од други, со привремено игнорирање на третиот поим. Kelly-евиот „екстензионален” пристап на операционално дефинирање на односи помеѓу конструкти, кој ја дава логичката основа за „импликациската решетка” на Hinkle (1965), и подоцна, „биполарната импликациска решетка” на Fransella (1972), едноставно ја игнорира интензионалноста.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Наспроти идентифицирачкиот поим таа се обиде да го развие парадоксалниот говор кој не го крие она другото во поимот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Длабинската екологија главната причина за недостатокот од симбиоза меѓу луѓето и животните ја гледа во поимот на картузијанскиот субјект.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но во поимот матанѕа, кој го изразуваше колективниот транс на педесетината рибари, кои ги убиваа намамените туни во нивниот миграционен циклус, при минувањето крај тунискиот брег, по атланската и медитеранската одисеја, на пат кон Сиритскиот залив на либискиот брег, за да го означат процесот на обновата во природата, се криеше инстинктивната понесеност на човекот да владее над природата, да ја наложува својата лажна супериорност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немаше никаква врска меѓу овој поим од италјанско-шпанска провиниенција и политичките настани кои се случуваа во тие денови во Тунис по конечниот пад на бургибизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)