во (предл.) - последно (имн.)

Она што е актуелно во последно време на меѓународните дискусии за театарот, е полемиката која се води околу тоа каков е денешниот театар и како треба да изгледа во иднина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во животот неколкупати сум играл шах и сум бил искористуван пион, но во последно време решив да бидам само набљудувач од страна и воајерски да посматрам. Така се осеќам послободно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во последно време има многу чај. Веројатно ја имаат заземено Индија или нешто слично“, рече таа неодредено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во последно време, речиси како некаква нова идеолошка матрица, во ова безглаво тетеравење кон (национален) идентитетет, главно допирајќи од центрите „што произведуваат свест“ (читај МТВ, „Нова Македонија“, некои издавачки куќи), се слуша отприлика следнава конструкција (која неинвентивно, во разни варијанти, неуморно се повторува каде ќе се стигне): „Македонија можеби е мала, кревка, дипломатски и политички недоволно „шлифувана“, но затоа пак македонската култура е сосем рамноправна во светот, гордост на мак. народ.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Некако во последно време сѐ почесто чувствувам замор. - Тоа ти е од цигарите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Што ми е во последно време? - си помисли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А она што најмногу ме погоди, беше тоа што сфатив дека ме сакаш и многу ти значам, иако во последно време беше некако груб со мене, како да имаше некоја пречка меѓу нас двајцата, како да имаше поставено некој невидлив ѕид, па не можев да допрам до тебе, не дозволуваше да те жалам. да те тешам, да те прашувам како ти е.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во последно време доста размислувам за татко ми. Претпоставувам дека сѐ уште ми е лут.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дали во последно време си му го видела лицето? Очите му се пропаднати.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во последно време, со намножувањето на независни весници и списанија, во Македонија се намножија и колумнистите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа беше првата што разбра за што се работи. Зашто, кога тој ѝ се пожали дека во последно време не сонува, Влаинката брзо го праша дали е нажален оти нема одговор на нешто?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во последно време, некако сум отсутна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во последно време се занимаваш со проблемот на net-planning. За што станува збор?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа беше клучната реченица што го обземаше моето заморено мозоче, кое во последно време не правеше ништо друго од аналитично -индуктивно- дедуктивни преиспитувања на настани, личности и меѓучовечки односи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
... Во последно време на Полин најомилена забава му станаа мачките; шеташе по бавчите, по дворовите, по плевните, по ѓубриштата и гледаше да вчапи некоја мачка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мојот другар Мартин во последно време многу се здебели. За волја на вистината, се здебелив и јас, но тоа не е од никаква важност за малава приказна што ќе ви ја раскажам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во последно време, објаснување за оние без опашка, што муви маваат, љубопитните, контрадикторно се однесувам за да не знаат како ми е. А весело е вака.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Но сите сме некако скиселени: работата во последно време сѐ полошо оди.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во ноќта на музеите во Венеција веќе одамна никој не се запишува во правливите книги на впечатоци, како што во ноќта на вештерките никој не евоцира спомени за средбите лично со Данте на најдлабокото дно од пеколот неподносливи турканици, сека ноќ си ги обесуваат гласните жици на ченгели шиткачите на сувенири од муранско стакло, обетки, белегзии, приврзоци, порцулански чаши со слики на Свети Марко или на гондолиери кои ионака во последно време повеќе се сликаат отшто нема доволно јапонци за прошетки низ Канал Гранде, сентиментале.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
НОЌ НА СМРЗНАТИТЕ ГРАФИКОНИ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Пак ќе ја спомнам насмевката на Јуриј Гагарин Зашто кој ја разбрал таа насмевка Лесно ќе ја разбере и душата на источните сонови Особено на соновите обоени во црвено Оти е заправо само тук-там на исток ќе најдете сонови Бојадисани со други бои макар што во последно време На исток се поуспешно е мешањето на боите
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
НЕДА: (Се враќа со свареното кафе.) Не. Во последно време не те спомнува. (Седнуваат.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)