во (предл.) - прстен (имн.)

И логотетот погледна во прстенот и рече: „Леб ќе јадеме и вода ќе пиеме“. „Сосем верно, логотету“, рече Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Местото се вика Превалот и нужно тера да застанеш и да погледнеш долу каде во прстенот на околните планини се легнати двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
О Реко што остануваш Реко што си одиш секогаш затворена во прстенот на времето го виде ли Старецот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа не проговори. Замислена, саштисано гледаше во прстењето...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Речиси од сите страни во овие улички на „Капали“ ве засенува жолтоблескавата боја на златото, трансформирано во прстење, нараквици, белегзии, обетки, синџирчиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)