во (предл.) - публика (имн.)

Истиот момент кога емисијата заврши, Бригид влета во публиката за да не и побегнам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои тврдеа дека нешто подеструктивно никогаш не чуле.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мерв веројатно мислеше дека андерграунд е едно големо и среќно семејство во кое сите се сакаат или се доволно паметни да се претвораат дека се сакаат, како што прават во Холивуд.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога Бригид излезе Мерв се обиде да го отвори разговорот спомнувајќи ја Ултра Вајолет и тоа беше доволно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На првата вечер во публиката беа некои членови од Бирдси, а и Џим Мо­ри­сон, кој беше прилично зантере­сиран, а тука беа и Рајан О Нил и Мама Кас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Џими Хендрикс - ова, додуша, беше пред да стане Џими Хендрикс, сè уште беше Џими Џејмс - седеше во публиката со својата гитара, и ги прашуваше дали може да свири со нив, и тие рекоа: секако.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не ми поверува!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во Ондин свиреше некој бенд со името The Druids.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ме праша како беше и јас и ја кажав вистината: „Одвратно!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дури и ветив и дека ќе дојдам со неа и дека ќе бидам во публиката како поддршка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во турнирската сала, пред очите на тиха публика, тој ги смислува, како сосем отсутен од стварноста, своите потези или пак прошетува со одмерен чекор меѓу шаховските столчиња, погледнувајќи ги позициите на другите табли, а изразот му е задлабочен, продуховен, и некако само од себе му се налага да ја чувствува својата важност и како случајно да погледне во публиката сакајќи да види дали се одразува на неа сугестивно тоа негово чувство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Впрочем, Тангер беше оддалечен неколку часа; дури и главниот пат на брегот (на кој можеби би имало автобуси) беше неколку километри од плажата, попладнето си одминуваше, а требаше да се вратиме во Американското школо на вечера пред моето попладневно предавање кое, со оглед на темата, во најлош случај ќе биде само неразбирливо за Тангерците во публиката, а не и навредливо. Маргина 34 71
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во публика Фрчко, Јане Миљовски и пар сподоби шо немаат ни благе везе од џез, а добиле гратиси преку некоја фирма или швалер со цел да ги покажат своите гнасни сурати и да одглумат елита сокривајќи го своето паланечко потекло.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Подоцна во циркусот научив дека сите циркуски ѕвезди бараат на тренингот, освен учесниците во точката и аѓутантот да нема никој друг, особено не во публиката; редовно се случува да им падне концентрацијата ако има макар и две очи во темнината што ги гледаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во публиката ќе имаше многу геј-мажи што си го знаеја филмон наизуст и ќе ги изговараа репликите усогласени едни со други и со глумицата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се сеќавам, на крајот од претстава што беше дел од содржината на еден театарски фестивал, актерот што седеше до мене во публиката, изреагира бурно токму во мигот кога еден од актерите наредени на сцената како пред стрелачки вод, почна да аплаудира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По многу години од Арагон, еден друг, исто така, творец на уметничкиот израз - филмски актер, во едно интервју ќе каже дека изиграл театарска претстава само поради тоа што во публиката забележал две очи кои му испраќале така топли, така искрени и полни со разбирање, погледи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не еднаш ми се случило во некоја друга театарска средина во која гостуваме со театарот, во публиката да не можам да регистрирам ниту едно лице од тамошната театарска стварност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од очите во публиката добил таква енергија, таква мотивација, по што не му останало ништо друго освен да се разлета по сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На крај, кога за последен пат удри по жиците таа вечер, а девојчињата во публиката скокаа, пискаа и ракоплескаа, а тапанот сè уште се слушаше, тој сфати дека тоа е тапанот на неговото сопствено срце, расчукан само во неговите уши.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сè се мислам дека во публиката некој ќе ме забележи мене и мојата игра.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во публиката се сместуваа видни луѓе од државата, но и важни луѓе од светот на текстилната индустрија која имаше неколку децениска традиција во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Овде-онде во публиката се слушна шушкање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
При крајот на овојата „беседа", се ослободи и погледна во публиката од еден ред во друг и стигна со очите до третиот каде што стоеја Бојана, Достите и до нив малата Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да благодари што тие зборови беа последните од неговата беседа, та не се разбра во публиката никаква забуна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во „живо“, без помош на електрични миксирања и местења, ги свиревме овие песни во своја верзија, некогаш импровизирајќи ги по 20 минути, а во публиката (како и кај нас, свирачите) адреналинот растеше, сè додека долгокосите, боси девојки со цициња ослободено од градниците не се качеа на бината и не почнуваа да скокаат по тапаните или по типките на мојата фарфиса.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да седиме во публика?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Вадам пиштол наполнет со ќорци, го вперувам во публиката и пукам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Многу се таквите што сакат да седат во публика, да грицкаат семки и да чекаат голови. А треба да се трча. Да се трча!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)