во (предл.) - пушка (имн.)

Акиф моментално се здрви наместо и позелене, но стравот да не оптегне Толе за ногата од берданката веднаш му помина, сеќавајќи се дека нема фишек во пушката, и за час го извади јатаганот и со светкавична брзина го удри Толета со тилјето по раце, така силно што му падна пушката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука беа и десетте фишеци, што ги понесе, шест во пушката и другите четири во џебот, а тоа беше сега сѐ, што му беше потребно среде тие шпели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓутоа, се покажало дека во пушката нема куршуми, па го пуштиле мислејќи дека е лудак или пијаница.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)