во (предл.) - рубрика (имн.)

- Не сум неопределена во војната, туку во рубриката „националност“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Самата нормалност веќе не е доволно нормална за да им го поткрепи на геј-луѓето чувството за сопствената вредност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сведоци сме на подемот на еден нов и силен култ на геј-обичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој видлив обид да ги надминат стрејт-луѓето во лотаријата на нормалноста и да ја избегнат заканувачката дамка на стигмата, геј-луѓето во последно време почнаа да се гордеат со својата здодевност, обичност, просечност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некаква видлива агресивност почнала да им го полни настојчивото тврдење дека се толку здодевни, толку конвенционални и крајно нераспознатливи од сите други. ‌Неодамна во рубриката Мислења во Њујорк тајмс во напис за можноста Американците да изберат отворено геј-претседател, Морин Дауд го цитира Фред Сајнц од Кампања за човекови права, геј-организација за политичко лобирање со седиште во Вашингтон, кој „му се жалел на сопругот дека геј-претседател би бил антиклимакс. ‘Луѓето очекуваат бизарен тип и чудно однесување’ ми рече. ‘Ние секогаш сме ти оној смешниот комшија што се носи шарено и авангардно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А не знаев ни дека, во речиси истиот миг, на страницата на Нешнал ривју, едно конзервативно списание за политички коментари, основано од Вилијам Ф. Бакли Помладиот, во рубриката Телеграми објавиле напис со наслов „Како да се биде геј – I“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Би било тоа „ненастан“. (А во тој случај, што има да се мачиме?) ‌Особено бележит пример за ваквиот став даде Патрик Калифија-Рајс во фељтонот за Настраното издание на Вилиџ војс на 27 јуни, 2000 година.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Томе се согласи со текстот, го побара наставникот Еко, и тој се согласи па веднаш ја истакнаа статијата во рубриката - ЧИТАЈТЕ - НАЈВАЖЕН НАСТАН!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)