во (предл.) - својство (имн.)

Со ракописни, подвлечени букви, како наслов, беше напишано: Тешка повреда на авторското право Под насловот беше напишано името на Мирон Донски, на кој Татко му се обраќаше, во својство на директор на Државниот архив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Исто така им ставил до знаење дека “британските претставници на состанокот се само во својство на посматрачи“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Бидејќи сè додека народњаштвото како општо чувство на општествениот живот биде доминантно (како српскиот задружно радикален и хрватскиот провинцијално средноевропски ФОЛКИШ), дотогаш ќе ги трпиме сите последици на одржување и дотирање на едно одамна насукано трупиште, во кое ајдуците и ускоците, во својство на управник на светилникот, веќе го пљачкосале и последниот златен заб од вилиците на настраданите патници. 14. 10. 1991 Маргина 36 27 Еднодимензионални народи Народ што не знае на сопствената волја да ѝ стави цивилизациска граница (да изнајде ФОРМА), кој не знае да се самосовлада во законот и правната норма, кој како единствена вредност го зема и истакнува сопственото постоење, доброволно се определува за робување самиот на себе (а тоа се најлоши ропства) и, на крајот, паѓа во опасност од билошко исчезнување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Хирург во Берн, Берлин и Виена. 1912/13 во својство на бродски лекар патувал низ Далечниот исток. 1913 пријателство со Кафка. 1914-18 лекар во Унгарија. Емигрирал 1933.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Строго службено сум тука. Во својство на старосватица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А.А. му дава знак на И.И. да се оддалечи од паното, што значи да престане да говори, зашто заклучокот на крајот на посетата на исламскиот павилјон му припаѓа само нему во својство на директор и повеќе од тоа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа потенцира дека е крајно незадоволна од недоличното однесување на судијката- претседател на советот (Л. Ивановска) – за време на парницата, таа како да имаше аверзија од тоа што Зефиќ 76 претходно била директор на КПУЗ- Скопје и, за време на распитот во својство на странка, цело време тенденциозно ја опструираше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со судската пресуда прецизираното тужбено барање на тужителот беше усвоено од страна на судијката (П. Попоска) и тужениот „Филком“ во својство на работодавач беше задолжен, на Величковски, да му исплати на име неисплатени плати вкупен износ од 48.368 МКД (790 ЕУР) со законска казнена камата на вкупниот износ – во рок од 8 дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, за чудо, тужбеното барање на Зефиќ беше одбиено како неосновано, а секоја странка беше задолжена да си го сноси својот дел од трошоците!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Процесот почна и, до носењето на пресудата, беа одржани две рочишта за главна расправа.4 Врз основа на доставениот одговор на тужба, како и на поднесената пресметка – адвокатот на Величковски, усно на записник пред судот, го прецизираше тужбеното барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Џон Бергер тоа го срочил во славна формула: „мажите постапуваат, а жените настапуваат“.286 ‌Мажите, се разбира, изведуваат во јавност и понекогаш може да изведуваат без услужливост кон жените и без да фрлаат сомнеж врз своите машки акредитиви.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тоа го прават под мошне посебни услови‌што создаваат специфично машко кодирање на нивната активност – како кога настапуваат во својство на спортисти или акциски јунаци или политичари.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Видовите на односите што можат да ги создаваат со овие предмети служат за изразување чувство за она што според нив значи да се биде геј побогато од пообичните односи што во својство на гледачи можат да ги воспостават со слики на геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Според тој закон, според таа структура на значење, правењето е обродено како машко, а изведувањето е обродено како женско.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се сетив на тајното место. Па овде пред неколку месеци на Јасер Арафат, претседателот на еднострано прогласената држава Палестина, му ги предадов акредитивните писма потпишани на 8 јуни 1989 година од тогашниот претседател на Претседателството на СФР Југославија, Словенецот Јанез Дрновшек, како прв вонреден и ополномоштен амбасадор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш Палестинците, од почит кон Југославија, сакаа барем симболично, југословенскиот да амбасадор да биде првиот кој го прима Арафат во својство на Претседател на државата Палестина за да ги прими акредитивните писма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иако како доверители во стечајната постапка се јавуваат и работниците, во оваа анализа нема да бидат анализирани правата кои тие ги уживаат во својство на доверители, туку само правата од работен однос.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога најпосле стана, во својство на виновник, си рече, кога ќе влезе во спалната да ѝ каже дека програмата завршила, дека морал да дојде да си легне, да ѝ се извини некако.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пред тоа го гледав во разни прилики, но секогаш во својство на антрополог-истражувач.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нејсе уште понајнакрај и кого ќе пцујат и против кого ќе се бунтуваат Сите оние кои сркнале од американската мирудија во секоја чорба И го виделе аирот од извозот на слобода и демократија Макар што нивните татковци сѐ уште ги паметат Трумановите јајца во прав А прав и пепел им се стори слободата сосе животниот стандард А децата им се познати по тоа што во својство на стечајни работници
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Бев дојден во родната земја во својство на писател, за да селектирам драма од албански автор која требаше да биде поставена во Албанскиот театар во Скопје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во еден поран есеј, се обидов да ги покажам епските призвуци што лежат во основата на неговата доцна поезија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојат два реда што го содржат ова согледување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговото најголемо задоволство беше, се разбира, пишувањето, и тоа посебно пишувањето поезија, но дури и на чинот на пишувањето тој гледаше како на актерска претстава: “Ги сакам песочните часовници, мапите, типографијата од 18- иот век, вкусот на кафе и прозата на Стивенсон; оној другиот ги дели тие склоности со мене, но толку самобендисано што ги претвора во својства на еден актер /.../ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 211
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас живеам, си допуштам себеси да живеам, за Борхес да може да ја кова својата литература, и таа литература го оправдува моето постоење“. Чинот на пишувањето се појавува овде, ако не како должност, тогаш како нешто налик на мисија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)