во (предл.) - сезона (имн.)

Тука летувањето е скапо, особено во сезона, па луксузните апартмани за двајца чинат близу 4.000 драхми, цел пансион.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Па така ако се случеше во текот на годината, во сезоната на ојагнувањето да умрат една или две овци, дедо му не се грижеше многу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вон сезона - 30, а во сезона - 40 евра со појадок.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ВО ОВИЕ априлски студеникави дни Варна малку личи на оној распеан, расцутен град, завиен во зеленилото и полеан од жешкото сонце во летните дни, во сезоната на туризмот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Рано во сезоната, еден ден таа и Кети наидоа на неа и прво мислеа дека тоа е расад на тиквичка или краставичка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)