во (предл.) - сито (имн.)

Со бегол поглед во ситото забележа дека меѓу прстите држи една крупна грутка која не се просеа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како можеше да излезе од нејзиното сито кога е како откршен од карпа, висок речиси два метри. Во ситото ѝ остана само Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Пред да ми ја кажеш големата одлука, ноќеска на мира просеј ги сите свои мисли и тоа што ќе остане во ситото утревечер ќе ми го кажеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И дали допреле сѐ што имало во ситото, вели, да не ве пресретнал некој со празни шејови, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)