во (предл.) - скривница (имн.)

Не можеш да се скриеш во скривница! (Пауза.) Треба да се испрска мрежата од вентилацијата. Видов лебарка од сто грама.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Останале скриени, како во скривници. Ни куршум, ни оган да ги допре.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
(Додека те прогонуваат голтници чекаш во скривница. Го чуваш стекнатото спокојство. Недостојните и врз најчистите намери трупаат грагор).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но, и тие ги осетиле стравотиите на бомбардирањата. Бегањето во скривниците. Затворањето и мачењето на блиските во затворите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)