во (предл.) - спогодба (имн.)

Така, на пр., во едно писмо од бугарскиот „трговски агент” од Солун А.Шопов од 26.10.1903 год. до бугарскиот министер-претседател Р.Петров меѓу другото се вели: „Некои кругови на овдешнава Внатрешна организацнја сѐ почесто и посериозно зборуваат дека некои од началниците на таа организација влегувале во спогодба со српската влада или со некои кругови во Белград за заедничко дејствување во Македонија, но со јасни разграничувања на интересните сфери.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бирото работите од својата надлежност ги извршува преку: а) директор на Бирото [владин агент]; б) лица овластени од Владата, на предлог од владиниот агент и в) вработените во Бирото (чл. 5, ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересни се два инструмента кои и стојат на располагање на на- шата држава за спогодбено разрешување на спор кој, преку аплика- ција, стигнал пред ЕСЧП: 1) Спогодба за пријателско решавање на предметот е изјава со која Владата на РМ се обврзува да му исплати на жалителот определен износ на парични средства или пак, преку домашните судови и државните органи, да преземе извршување на определени дејствија, за сметка на што жалителот се обврзува да престане со натамошни постапувања и барања пред Судот против РМ во односниот предмет, со што се постигнува конечно решавање на предметот; и 2) Еднострана декларација како изјава со која Владата ја признава сторената повреда на РМ и, ценејќи ги фактите и околностите на предметот, ја изразува спремноста да исплати одреден паричен износ – понизок од понудениот во спогодбата за пријателско решавање, со што се постигнува конечно решавање на предметот (чл. 2, ст.1, ал.2-3 од ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)