во (предл.) - средување (имн.)

Занесена во средувањето на расфрланите мисли, не забележа како една црна сенка се спојува со нејзината. Ѝ се причини како две канџи се подготвуваа да се заринкаат во нејзиниот врат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија.  Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во следните недели, лекарот постапно, скоро неосетно ја воведуваше Марија во средувањето на библиотеката...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во времето кога Татко се внесе во толкувањето и во средувањето на сиџилите во Институтот, иако с уште работеше во Судот, еден ден му стигна решението, лично потпишано од Водачот, со кое беше именуван за архивист во Државниот архив на Републиката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)