во (предл.) - срцевина (имн.)

Го откривам предоцна Но, сепак, тоа е мое Колку што е и ваше, ближни мои, Кога ве дочекува со раширени раце И со гром удрен во срцевината.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Јас го отворив срцето, ти го подарувам земи го, отсекогаш ти припаѓало само тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Срцето ќе не однесе таму каде што припаѓаме, во срцевината на еден мал универзум, скроен по мерката на нашата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Понижувањата, болката и лутината кои му навлегуваа во крвотокот и му проникнаа во срцевината на душата дојдоа до неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега оној беше во срцевината на работите, а сето беше токму онакво, за какво што Змејко уште одамна, уште во почетокот, се плашеше дека ќе биде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги приближуваше и ги подготвуваше и најодалечените трупци по ќошковите на таа просторија, ги прибираше пред себе како некое стадо, додека можеше да се оддели од пилата и да ја остави неа да беснее во срцевината на оној, што сега го работеше, а под неговите раце тие и по еден метар дебели трупци ги напуштаа своите места, вкопани во пилотината и почнуваа да се префрлаат еден преку друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И се понесе пак во таа своја распнатост меѓу лакомата, ненаситна пила и дебелите трупци, секогаш ни за еден милиметар непогрешиво присутен токму на она место, каде што беа неминовни неговите раце, а само по малку веќе отскокнат на другиот крај, постојано во срцевината на сите тие мигови, непроменливо, исто како овој незапирлив писок на машинеријата, со секое делче од себе, со секоја мисла, тука. Тоа траеше цела една долга зимна ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше сето време тажен, тоа беше неразделно од онаа прибраност во срцевината, тоа нејзе ѝ ја носеше густината и глобачината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во срцевината на геј- искуството има не само идентификација туку и деидентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пленува глетката на зелениот килим распослан во срцевината на прстенот од околните планини. Не брзам со возењето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)