во (предл.) - стапица (имн.)

Козарите кои се избавија од големите селски работни задруги, сега, слезени од планините, според татко ми, се најдоа во стапица.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше смирен човек, не паѓаше лесно во стапиците на вознесот, на оптимизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Лесно не наседнувам како лисица во стапица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тука е и Гоце. Дојде до Ново Село да се видиме. Братски поздрав, Даме и Гоце.“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јас стојам зинат, се обидувам да се побунам, да претнам, ама нели сум фатен во стапица?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас бев фатен како во стапица - не можев и не сакав рамноправно да се карам, а не можев ни да одмавнам со рака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Паѓав, станував, се стапосував, ме фаќаа во стапица...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Билбилчињата се в стапица! Ха-ха-ха, синковци...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе одведам Битола, лично јас, жими вера, и ќе предадам на валијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кој да е, откаде да е, ама ние сме, ете, в стапица!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— почна Ѓуро да бара совети од Шаќира, кој како секретар на четата требаше да измисли нешто.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се пристапи кон преговори: — Теслим, бре пезевенци, што кршите жегли уште, кога гледате оти сте во стапица! — викна самиот кајмакам и им се кажа кој е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
МНОД на НОВЈ.257 Во писмото покрај за општа и балканската ситуцаија истакнал дека: Трето: дека сите германски сили овде се неповратно фатени во стапица.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Боб: Пет минути! За тоа време ништо не можеме да си дозволиме, никаква нова раскош. Фатени сме во стапица, приклештени.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Секогаш кога тој идентитет ќе се навести, секогаш кога некоја припадност ќе ме ограничи, некој или нешто, ако така можам да кажам, извикува: позор, замка, фатен си во стапица; ослободи се, ослободи се.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помалку, тоа секогаш го правам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои од нив ги загреба грижата на совеста што се појави од црвојаднината на илегалата кога Баге без врска падна во стапица, па му најдоа седало да се скраси: ем да биде кадровски референт, ем самиот да заврши матура.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можете исто така да паднете и во стапица константно да ги давите сите околу себе со вашите неверојатни и единствени искуства на ЛСД.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Понекогаш успеваше да ја набљудува како научникот својот предмет на проучување, та во таквите случаи таа го потсетуваше на глушец фатен во стапица со надеж да се ослободи или, уште подобро, на славеј во кафез којшто заборавил дека песната е единственото негово решение на животниот проблем во кој се нашол.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Имаа скоен план први да стигнат на мегданот, да зафатат пустија и да го изненадат Владимира, но очигледно беша дека сами се фатија во стапица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога го најде, со делениците нивни Акиноски и со сватоштините седеше близу до Мустафа ефенди, уште повеќе се засрами: дека имаше скроено таков план, сам да се предаде, то ест да му подвали и на Исо и на сите кои дошле да ја гледаат борбата, особено на христијанштината која очекуваше тој да излезе победител.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, уште позасрамен, само се вртеше во круг како уловен во стапица и чувајќи се на биде потфатен и уште веднаш, уште и незапочната борбата кутнат, (имаше скроено план ко ќе подмини борбата, за да си ги прекине маките, сам да му се предаде на противникот) со поглед, меѓу прилепските првенци, го бараше Максима.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму каде што дијалектиката не успева (А.А. губи во вербалниот двобој), останува ризикот да победи физичкото насилство, сказот од зборови продолжува во акции кога авторот укажува и ги осудува мерките на заплашување: со изолирање од телефонската врска, со организираната врева за да се спречи неговиот сон, со служење на неподнослива храна и последната нискост: приморуваат една негова блиска роднина да им се придружи во стапицата што му ја поставуваат на исцрпениот наратор пред да ја мине границата кон Македонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во мигот не бев начисто дали излегувам или уште подлабоко влегувам во стапицата што ми се подготвуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И тогаш ги слушна тажните гласови на пилињата, кои сами се фатиле во стапица.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мрежата ја спои со страничникот, под первазот на прозорецот, притоа остави празен простор, една цела дупка, доволно голема за да може пилињата да бидат фатени во стапица.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Загледано пред себе со ширум отворени очи, потрча кон нас и одново падна в стапица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И за мене неочекувано, ропски покорен пред својата ајдучка страст, тој го замрси денот в јазли оставајќи ме в стапица полусакат и во неизвесност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оти, се случува птицата, кога ќе падне во стапица, да се задржи во неа само со едно нокте, па во тој случај не ѝ помагаат нејзе ниту силните крилја, ниту тоа што целата, освен ноктето се наоѓа надвор од мрежата, па така станува плен на ловецот.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Двајцата родители, меѓутоа, не паднале веднаш во стапицата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Преку ден Далтон вели дека работи на нови песни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Подоцна тој падна во стапицата на користење една единствена придавка, на очигледен начин, за да го восхити читетелот, понекогаш претворајќи го делотворното средство во недостаток.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но во почетокот, Борхесовиот став кон напишаната страница беше став на еден Маларме, став на крајна строгост и прецизност.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Трампал нешто за рибарската трска, но сѐ уште му се тука двата пиштола и пушката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ уште ги чува обете гитари.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали Борхес знаеше дека неговото наследство ќе бидат точноста и строгоста во јазикот, односно, повеќе кодот отколку пораката, стил а не суштина, естетските артефакти отсечени од светот на искуството?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не само што знаеше, тој таквиот поглед непомирливо го бранеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Разговарал со луѓето во градот, во барот Рио.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секогаш се наоѓа крави, риби, зајаци, дабари и видри кои можат да се фатат во стапица.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Или пак ќе застрела срна, лос, ќе фаќа зајци во стапици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако лудите ја сфатат бесмисленоста на своите постапки, намери, искази, многу е возможно дека ќе го прекинат постоењето кое е фатено во стапицата на бесмислата, и ќе му се вратат на разумното постоење,” рече доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не се ли сите тие бесмислени постапки, намери и искази, последица на тоа што лудите сфатиле дека постоењето, сеедно дали разумно или неразумно, е бесмислено, и се разликува само во начинот на кој се изразува?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога се вратив, има што да видам: во стапицата три ишиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веќе ништо немаше никаква смисла, а понижувањето поради некој национален пораз што веќе подолго време висеше во воздухот сега се спушти на него и му ја зароби душата како диво животно во стапица.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Јас си реков види, види и Тошо во ќошот седи никој друштво не му прави а Мишко во стапица го стави.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Е, лели е така, сестро лисо, ела до мене да ти кажам уште еден ум што го чував за зло час, за чоек да не можи да ме види и пред очи да му сум, ама коа да не сум ватен во стапица.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И тогај неќел јазоецо да влези, арно ама го кандисала со големи клетви, ако се вати во стапицата, таа ќе му дала од стоте умои што имала и ќе се пуштел од стапицата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама итрата лисица со обете нозе в стапица - беше ти се ватила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дојдуајќи стопано кај стапицата, кога гледа јазоец ватен во стапицата, а пак јазоецо ватил лисица за уо и ја држит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно ја видел лисицата ватена во стапицата и дал вик по неа: - Така те сакам, кума лисо де, да се ватиш со обете нозе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Колку пречекори еден - два чекори и стапила во стапицата - чкрап!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Виде, не виде, стрвната лисица, пак таја влезе и пак беше се ватила во стапицата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Каде сега, господе? си велевме, како дојде вака да останеме во стапица.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Најлесно ги ловеше оние што му доаѓаа во дворот по миризбата на смрдените рипчиња што ги ставаше во стапицата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе замјаукаше мачката фатена во стапицата, тој скокаше од сонот и ја замолчуваше со дрвените штипалки стегајќи ѝ го вратот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И потоа никој од никого не можел да искорне ни пелтечав збор, никој над никого господар и секој роб на својата опачина, на својот страв дека дел од нејасна вина лежи над него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И никој, ни подоцна, многу подоцна, не можел да објасни каква е таа слабост да се чувствуваат намалени и фатени во стапица на несигурност. И со надеж се крстеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Опаа... Значи, сме се бавеле и со истражувачко новинарство, - овојпат Долгиот ја фати во стапица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се почувствува како ѕверка заробена во стапица со вперени пушки спремни нејзината глава да ја закачат како трофеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да беше тука свети Ксавиер, се разбира дека ќе можеше да се стори нешто, но, за несреќа, тој сè уште беше на пат...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трговецот со добиток се покаја што толку лесно падна во стапицата на врагот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Боже господе, изгледа дека заебав работа. Господе, па тој е мртов!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Човече каде сум? Во стапица. Ќе ме претепаат. Помош.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Наизглед безусловно прифатен, нему му се ускратува било каков маневарски простор, прилика да избега, му се забранува оригиналноста и тој станува фатен во стапицата на својата различност; верувајќи дека од апстрактен се дошло до вистински човек, помеѓу личноста и колективитетот се укинува онаа игра во која просветителската антропологија не само што не чепкаше туку тежнееше да ја зацврсти; во име на алтруизам, Другиот се претвора во хомоген блок, па на тој ентитет му се жртвуваат останатите во нивната индивидуална стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зошто толку често се фаќам во стапица со мојата искреност?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се фаќам некогаш во стапица, како ја изневерувам вистината.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во еден таков миг, малиот Климоски, едно мирно како бубалка момче, децата и така го викаа Климоски Будалката, толку многу излуде што успеал да скокне дури до врвот на ѕидот, да се обеси со дланките на срчите и тука да остане како во стапица.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кејтеновиот син не одговори веднаш, како фатен во стапица ја наведна главата, помолче. Се чу оти тивко, болно липа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И така народот е притеснет во стапицата на својата „судбинска линија” што му ја смислија изветреани глави и политички кабадахии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се разбира немоќниот волк фатен во стапицата на крвожедните ловци би требало да асоцира на судбината на владетелот кој по никаква цена не сака да се оддели од власта, штитејќи ги малите немоќни волчиња, односно народот, според логиката на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живеејќи во Картагина, во таа митска татковина на сега заробениот Југурта, стариот Бургиба, како да бев самиот во стапицата на легендата од која требаше да го најдам излезот во реалното време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во стапицата на ноќта врескавите гласови ги морничавеа живите; пијаните ветуваа дека на попот ќе му го скршат грбникот, не ќе купува тој и потаму женски души за шарена басма со напечатени цветчиња и пеперуги.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нејзината брзоплетост ме заведе и мене и тоа беше доволно да паднеме во стапицата на Шефот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се чувствуваше како ѕверка, фатена во стапица.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега јас пак да влевам в стапица, не влевам. He се жена и тоа ми ти е!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дојде дури и до разговор меѓу кадијата и поп Јакова преку портата и се разбраа дека на Турчин вера не се дава. – Ние сме ви во стапицата – му рече попот на кадијата, фатете нѐ, дерете нѐ, бесете нѐ, печете нѐ, а сами да се фрлиме во вашите вилици никогаш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако немаат извор или бунар во тврдината, сигурни ми се како лисица во стапица – и почна да ја распрашува бабата, небаре загрижен дека може да ги стигне зло нејзините бунтовници. – Ами од каде чешмата што шупори во тврдината?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги собра сите мажи, Мато Никола, поп Пеја и другите главни луѓе, сред тврдината и им ја објасни веќе јасната положба: – Како што гледате, браќа, ние сме в стапица; во безизлезна положба.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа, пак, како да беше фатена во стапица.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ама вујна Клементина не сакала да падне во стапицата на „милитантните конгре­га­ционисти”, па откако ги открила француските лазаристи, вкоренети во Солун уште во далечната 1783 година, вујна­та сметала дека ја открила градината за своето цветче Ерве­хе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Сакате да изберете вратоврска?“ расмеано му рече Германија, свесна дека Едо се чувствува како зајак фатен во стапица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лежеше во познатата соба на другата Марија, крвав, во стапица, поклопен со сенка на гавран.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дефинитивно: во стапица, врзан на крцкав стол и решен да ја испита силата на својот разум.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Заседата на ноќта го улови неочекуваното, го стисна в стапица, изгубен и недооформен за судрување го покри со влага, сам пред смрт, без сведоци, во таа ноќ кога сите оџаци кобно згрчени над него како зли богови, како птици што ја чекаат својата жртва.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Признај и врати се на улица, во ноќ, во стапица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Макар што Татко во тие времиња започнаа нови маки да го мачат, кога се всади сталинизмот во неговата родна земја, а и во земјата на егзилот кои ги делеше навидум отворената и братска граница, не попадна во стапицата на брзото враќање, неговиот егзил имаше длабоки корени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Казна ли ќе одмеруваат, си помислуваше Јагулче Дримски, небаре фатен в стапица.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се најдоа како во стапица фатени од камчето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ми се крши ко суво стаклено цвеќе во раце, под нозе, на срце во мозокот ми удира ме заклучува ко да сум казнета со катанец, од надвор правам сѐ да ме нема можеби така ќе се спасам ќе фатам џенем некаде усвет, некаде кајшто никој не ме знае и нема да му падне на памет да ме оспорува оти такви работи не им паѓаат на ум на нормални луѓе ама овде сѐ е можно овде ние не сме ние светот е превртен наопаку ние газиме по шилци ако нив ги промашиме ќе нагазиме на мина ако неа ја промашиме ќе се фатиме во стапица ако и стапицата ја промашиме ќе удри гром ако и громот нѐ промаши ќе се изедеме еден со друг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во нив вшприца нова енергија, и ги лекува сите кои беа фатени во стапицата: на лошите навики и нервозата од минатото, па зема да ги менува вадејќи ги од болест и очај!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Со еден не мал изнуден напор од тајната фаќајќи го светот за двата краја: за коренот и врвот едновремено тапо во стапица од сите страни да не му побегне: оти главна одлика на светот е да се движи! и кобењето ич не е лесно и некој не може да му повлијае!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
— Сигурно сакаат да нѐ фатат во стапица, велам, сите да нѐ фатат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во еден жесток зафат со забите волкот се нафрли на својата нога фатена во стапица, скрцка коската ја одгриза и ја – фрли.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Се чувствував во целата земја како во стапица, во земјата во која беа закопани сите таткови соништа за враќање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не кажувам дека страшниот стаорец всушност е обично, мало, беспомошно глувче, фатено во стапицата во мојот подрум.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Зошто да се лишам од толку убави приказни? * Запис пронајден во стапица за глувци РЕД* Во мојот дом сè мора да се наоѓа на своето место.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Оваа амбиција, како што рече Hocke (28), да се технизира метафоричноста, беше и Leonardoва тогаш кога маѓепсан од играта на огледалата, во Белведере падна под влијание на еден од своите земјаци, познатиот со прекар Giovanni degli Specchi, произведувач на огледала, и кога сонуваше за тоа да конструира една осумаголна катоптричка соба, совршен оптички лавиринт каде што човекот и неговата природа би ги фатил во стапицата на една неприродна перспектива.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На патот во автобусот си размислував колку лесно го мавнав животот, во темница, полузаспана и како на јаве гледав: на мојот иден живот вратата му се отвора црна, соба темна без прозорци, од никаде нема зрак од сонце и си помислив, тука ќе ги одгледувам моите цветови.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Непромислено влегов во стапица, за еден миг си го згазив планот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа ноќ стигнавме под Плетвар (Прилепско), тука ни одржа говор еден заменик на баталојот – Бугарин и почна бугарски да нѐ храбри да не се плашиме, нѐ запозна со тоа каде е непријателот и дека лесно ќе го победиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Така над селото Плетвар фативме позиција, а непријателот беше во стапица.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)