во (предл.) - стотица (имн.)

Татко мораше да проникне во стотици различни ракописи, да ги открие постојните грешки, да го открие дури и нивниот клуч. Сите тајни на сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да живеам, зошто доволна е навиката да вдишам длабоко и да погледнам кон безграничноста на синилото во стотици нијанси.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лесно му е на Филип кој громогласно, незбунето се смее, и кога скапата порцеланска ваза му се лизнува низ раце и се распрснува во стотици парченца.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)