во (предл.) - тема (имн.)

Оваа монографија е втор обид тој интерес да биде задоволен.* Ние сме свесни дека, поради недостиг на доволно архивски и друг материјал, не бевме во можност да одговориме на повеќе прашања што во темава ни се наметнуваа и да ги пополниме сите празнини што се појавуваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во прво време, во темата на враќањето во родната земја, субјектот разбира дека ќе треба да се брани од акциите на еден анти­субјект, наративен интервент, означен од платените егзекутори на тајната полиција („Дури и во мислите, не стануваше збор за повлекување или да се избегне стапицата којашто се профилираше...“).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко не беше начисто каде целеше Камилски со својата тирада за Рабле и неговата гастрономија, имајќи чувство дека тој се оддалечува од нивната тема, но тој веруваше дека е длабоко во темата: Имало многу обиди во историјата на човештвото во време на револуции и окупации, побуни и нови режими, да се чистат јазиците од зборовите на другите, со помал или поголем успех, но најтешко се менувале заемките за јадењата, односно за гастрономијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ни остануваше дел од попладнето во чудесниот пејзаж.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко внимателно слушаше, задоволен што Камилски најпосле се доближува до нивната тема за називите на османскотурцизмите во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имав некаква скриена стратегија да го вовлечам Махмуд Дарвиш во темата што постојано ми беше блиска, но немав храброст да ја започнам: неговите односи со Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овие зборови ги наведувам и затоа за со тоа Luca Cambiaso, Група ликови сведочење да го избегнам сомневањето дека okno.mk | Margina #26-28 [1995] 178 запаѓам во тема поттикната од аналошка заблуда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Климент Камилски се внесе во темата за јаничарството, заборавајќи ја мисијата која ја наложи, да се понудат релевантни аргументи за да се отстрани зборот од употребата на балканските народи, поради неговото исцрпено значење во минатото и сегашната несоодветна употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поминаа долго време во читање книги за кабалата од нивните библиотеки задлабочувајќи се во темата на универзалните лавиринти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)