во (предл.) - торбичка (имн.)

Па така, неизмиен, со парче сув леб во торбичката, нешто за себе, нешто за да го мами телето ако го пронајде, со главичка кромид и неколку зелени пиперки, тргна да ги обиколува ридиштата и доловите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во торбичката на еден загинат другар најдов парче леб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ќе ставеше во торбичката леб и вода, и штом трубата ќе писнеше за спиење, тој низ жиците се протинаше и лазеше низ тревата како дождалец додека се оддалечеше од касарната, и спраштуваше да го нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)