во (предл.) - фреска (имн.)

Монашки нишан: сведоштвото на Лука Блажениот 29 „Има нишани што ги следиш од рано детство без да знаеш зошто: - се будиш предзори додека сосема не се повлекла глувата сенка на ноќта кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи во запрепастувачки складен и топол мозаик, во фрески по ѕидовите, по подот, на сводот и сеќаваш кревкото, кршливото порозното, обезличеното се преобразува во својата виша смисла и ти се обзнанува: ни еден слом не е алогичен!; - тукушто си пркнал уште дете, стануваш аскет и заминуваш незнајно каде само (посакуваш!) да биде тивко, молебно створено и од природата, и од човека за деноноќно бдение за созерцание, вертикално понирање на веда - од небеса до подземи за живеење со жиг и жедба на монах ни горе-ни долу повеќе таму, одошто овде
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Во манастир. - Во манастир? Зошто? - Да зјапам во икони, да искривам врат гледајќи во фрески.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сцената се претвора во фреска на благовештиние. Станува златна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој го забележува мојот израз на лицето, па со променет глас, како во знак на милосрдие кон мене продолжува: - Црквите со историско културно и уметничко значе­ње, се разбира, беа сочувани, но во дел од нив револти­раните атеисти ги ископаа очите на верниците во фрески­те...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)