во (предл.) - црнило (имн.)

Се распознаваат само рабовите на дрвјата, меѓу небото без месечина и земјата во црнила.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оде што оде, дооде, младост си борба изживе, тешка го тага налегна на гради машки јунашки: тага за мајка сирота, в црнило што ја остави, и мила млада невеста со таа убост приказна.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
И пак Бонети кога ќе ја видеше каде што врви низ дворот кон црквата клоцајќи го долгото расо со колениците пред себе, пред очите му излегуваше нејзиното голо тело, кое сега, затворено во црнилото, прета како немирно животинче во кафез и сака сѐ да раскине, да се ослободи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еве ја кај тргна во црнилото сосем над куќите...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)