во (предл.) - широчина (имн.)

Овде се изградено големи оловно-цинкови заводи и уште низа помали фабрики; тој е центар на текстилната и тутунската индустрија. секоја година Пловдив расте и во широчина и во височина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гестовите на нејзините раце секогаш бавно одеа во широчина, според ритамот на нејзиниот умерен глас и начин на раскажување кој секогаш оставаше простор за блага таинственост.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Усните благо му се развлекуваа во широчина само во моментите кога зборуваше, а го правеше тоа со паузи меѓу секој збор изречен тивко до шепот што продолжуваше во издив на загрижен човек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И навистина, немаше животна дисциплина во трчање, со колку сакаш пречки, во далечина, во широчина, во висина, која не беше предизвик за нив, но тие беа победници во сите категории и во сите конкуренции.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Баждар (не му го знаевме вистинското име) се исправи пред мене пречејќи ми да влезам во широчината со три накривени багреми, бедни во зеленилото и полни со мравки по испуканата и брчкава кора, со јама за ѓубре, со излупена каросерија на стар форд.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од исток во широчината безизразно гледаат со матни, напукнати или со весник излепени прозорци, низа збиени и од земја никнати куќарки; на запад - гнил, накривен плот зад кој се наѕира темно- црвен оџак; од југ - слеп ѕид на него чуден цртеж со креда; голем круг со две дебели бели точки, под нив водорамна црта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Улицата како порој се лееше во широчината, тук матна од тажните паксти на луѓето и децата, ту бистра од сините очи на Ана, од гласот на Андона, од гитарата на студентите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неколцина слушнале рапав шум и со грч во душите погледнале во видовитиот: чудовиштето можело да биде такво какво што тој им го опишал, покриено со крлушки и змучки од кои се цедат студени капки, расне, бабри во широчина, од крај свет виси над нив и им станува проклетство што не ќе се заборави ни под надгробна плоча.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Високо над нив, под самите мешини на облаците, се лизгало нешто непознато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Долу, во ливадата, чадот сé уште се тестеше развлекувајќи се во широчина и покривајќи го сето она што стоеше распарчено и раскинато по тревата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Михаил Јевграфович Салтиков-Шчедрин - руската сатира е непотполна без ова име.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За секој макар малку упатен читател доволно е да се спомене “Историјата на еден град”, од која за нашиот мал избор е извлечен еден дел со описот на градоначелниците на фиктивниот град Глупов, сместен некаде во широчината (или длабочината) на Русија, или пак, “Господа Головљови” - за читателот веднаш да сфати каков калибар на сатиричар 208 okno.mk има пред очите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)