во (предл.) - ѕвезда (имн.)

Се колнам во ѕвездите кои веќе отпатуваа некаде дека копнеев мојата душа да ме придружува на сите кораби и галии и по сите мориња по кои пловев, но, дури сега сфатив дека мојата душа се пресоздала во сенка, а сенката веќе ја - нема.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Си знаевме, од прикажувањата на дедовците, дека страв лозје чува па се здадовме на молчење, а и што друго би правеле кога уште на аеродромот ќе ве пречекаат воени стражи со пушки со многу долги цевки, што друго би правеле кога исти такви пушки со исти такви цевки ќе видите и пред хотелот и во хотелот и кога рецепционерот пред да ве запише во книгата на гостите ќе ве предупреди многу да внимавате и да не се оддалечувате многу - никакви самотнички прошетки, романтики, зјапања во ѕвездите, никакви ти реков-ми рече муабети со минувачите на улица оти мигум можете да останете со полна уста и празни џепови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тешко се задвижи. Час-два ќе подзастанеше, ќе се загледаше во реката, во ѕвездите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ту големи и блиски, ту далечни, предалечни, претворајќи се во ѕвезди, во искри...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој не ги слушаше зборовите на Славчо. Можеби и не гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во топлите летни вечери, кога низ отворениот прозорец навлегуваа стотина миризби на тивката летна ноќ, тој лежеше на своето креветче и гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И возрасните, без оглед на напорите во изминатиот ден, и без оглед на утрешните напори, долго не заспиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гледаа во ѕвездите и гласно погаѓаа која чија е, а кога ќе му се стореше на некое за некоја од ѕвездите дека е негова, ја прескокнуваше, зашто постоеше верување дека тој што ќе си а погоди ѕвездата, ќе умре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се намести милиционерот пред бикот, ги рашири нозете, ја поткрена пушката и, без многу размислување за да не должи со стравувањето, пукна во главата на бикот, токму во ѕвездата меѓу очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Милиционерот... пукна во главата на бикот, токму во ѕвездата меѓу очите...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше гладен, чуваше во себе едно тивко сожалување кон оние неуморни питачи, што и молитвеа на ноќта, клекнати поколеници и загледани во ѕвездите, но сеедно со чувството колку бесмислено може да биде тоа нивно празно завивање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зет ми Профим не знам што тиќе човек беше: гледаше во ѕвездите и им кажуваше на луѓето што ќе се случи, им ги претскажуваше судбините на луѓето и им кажуваше кој им ги определува; викаше и за себе дека судбината му е однапред определена, спрема неговиот зодијак, а всушност, сам тој си го кроеше и загорчуваше животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ноќе, при јасно небо, седнува на чардакот или во дворот и, ставајќи ги рацете под главата или потпирајќи се на коњско седло, гледа во ѕвездите проучувајќи ги и проширувајќи го знаењето што му останало од татко му.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе гледам во небото, во ѕвездите, ќе барам знаци, претказанија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Истрчувам надвор и пукам во ноќта, во ѕвездите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едновремено, алхемичарите во ѕвездата гледале симбол на Девица (Невеста) - уште еден елемент кој ја поткрепува нашата предложена идентификација Невеста/ѕвезда.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во алхемиските записи петокраката ѕвезда ја симболизира живата (Меркур).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние, легнати во стоговите сено, вели, пред да заспиеме, го слушавме тоа фркање и тоа 'рпање и гледавме горе во ѕвездите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Земаше лозови и се смируваше малку до вечерта до легнувањето, но пак започнуваше нешто да му ја разбранува душата, да го поткрева, да го возбудува, да не може да спие, и пак излегуваше да шета, да гледа во ѕвездите, да ја чека нестрпливо зората, идењето на весниците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Небото над Езерото сега беше сето во ѕвезди, небаре се славеше спасувањето на јагулите, кои го продолжуваа патот кон морето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но ова сега беше сношти, онаа прва ноќ, добрата ноќ, и тој скоро воопшто не гледаше во ѕвездите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еј!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Лежев на плеќи и гледав во ѕвездите што мижуркаа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Кога седам на чардаков покрај рекава и гледам во ѕвездите, сѐ ми се чини дека сум таму, покрај Кубан“, ја завршил божем пред Анатолиј својата исповед дед Павел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
4. Заборави дека некогаш сме се разделиле мисли на времињата кога сме се шетале како месечари низ светот на копнежите кога душите сме си ги испраќале видовити над некое непознато море да се љубат ноќе, кога сонот ни гледа во ѕвездите – сите нѐ стрелаа, само вечноста нѐ погоди.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Чудно е, вистина е, но се чини дека се работи за една константа на човечката душа да најде смирување во верувањето дека несреќите кои се случуваат биле на некој начин најавени, запишани во ѕвездите!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја имам слушнато како полугласно им зборува на цвеќињата, како ги допира тревите во Маврово и им се извинува што ги згазнала, ја имам видено како ноќе неподвижно гледа во ѕвездите, или „го пушта потокот да влезе во собата” доцна навечер кога сè е толку тивко, што во истиот миг кога ќе го отвори прозорецот, навистина се чини дека потокот сиот се втурнува внатре и продолжува да тече низ целата куќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу често сум се прашувала дали можеби и таа знае да лета на килим,и каде оди, и со кого? Ѝ го прочитав писмото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)