во (предл.) - Османлија (прид.)

Никогаш не ни ја откри причината за својата неочекувана одлука да ја смириме судбината и да се засолниме во една стара куќа градена во османски стил, крај реката Вардар, близу еден дрвен мост, недалеку од историскиот Камен мост, кој ги поврзува модерниот, западниот и источниот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во старата беговска куќа, изградена во низата други уште во османскиот период, со видливи примеси и на градската западна архитектура, внатрешниот дел, душемето, вградените сергени, скалите, плафоните беа изградени со буково дрво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
При искачувањето по скалите и чекорењето по душемето се ослободуваа необични звуци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Е тоа може да биде добро прашање за да го разбереме и поимот милет, кој во османскиот јазик се пренел од арапскиот и бездруго имал свое место и во андалузиската култура? рече Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Крајот на крстоносните војни се совпаѓа со создавањето на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Маалата во османскиот период биле раздвоени врз верска основа на муслимански, христијански и еврејски, но и врз етнички карактер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во моментот тие се најдоа на дел од просторот на некогашното Ибн Пајко Маало, веднаш пред Камениот мост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)