во (предл.) - валкан (прид.)

Го споредува дизајнирањето фонтови со подготвување супа: „Ги имаш основните состојки... геометриски Sans-serif со одредени зачини додадени внатре и... само готвиш. Nobel беше на пример зготвена супа Futura во валкани тенџериња и садови.” Archipelago во себе вклучува многу различни влијанија со што е тешко да се одреди оригиналниот творец. Frere-Jones наоѓа голем дел од својата инспирација во своето окружување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во неа нешто како да е живо, цело завиткано во валкани завои.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најмногу грижи носеа туристите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Имаше многу безлични провинцијални групи, кои доаѓаа во валкани автобуси.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога наближив до крајот на мостот, здогледав толпа луѓе кои гледаа од мостот во валканите води на овој дел од Златниот рог.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како дошло до неговата смрт во валканите води на Златниот Рог, не разбрав.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Покрај неколку скапани штици и ’рѓосани железа, во некогашната правлива гаража доминантен објект беше каросеријата на еден исто така бивш камион, кој сега со излупена боја, без прозорски стакла и тркала, заринкан во валканата темница демнееше како препотопско сениште, како страшен тотем на некоја изумрена цивилизација.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Што чекавте толку?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, јас неможев да ја сетам таа борбеност кај стапчето во валкан преголем мантил што пребргу, неповрзано зборуваше: - Сонот трепери како пулсар.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кармогенетичари те облекуваат во валкана, остарена кожа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сонцето што се плеткаше веќе по дрвјата од бавчите со стотина лачи удираше во валканото џамче и ја откриваше просторијата, односно одајката, како гостинска одаја од нејзиното сеќавање: џам, да, џам, леле Господи! И ќумбенце, и врата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А тој, во валкани чизми, со левата нога малку свиткана, со десната рака зафрлена зад колкот на кој му виси пиштолот, потпрен на стап, стегнат во половината со широк појас и со два ремена препашани крстум на градите, таму, од бината, не гледа онака намуртено, под мустакот, и како да ни вели: “Бидете мирни, пезевенци, и слушајте ја Маријанти”...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така што причината зошто филмот не успеал не мора да ја бараме во областа што лежи меѓу таа Гринова визија на шпионажата како најчист израз на валканата, осенчена битка за власт што ја негира целата темелна димензија на човечноста, ниту меѓу Хичкоковата визија за непомирливо спротиставениот универзум, уште повеќе што обете визии се христијански или поточно, католички обоени: малку поедноставено би рекле дека Гриновата визија има свои „песимистички” црти (битка за власт во валканиот свет), што за Хичкок е, сепак, премногу оптимистично зашто неа будно ја чува неизвалканиот идеал на чистата Човечност што е расипуван и користен од валканиот свет на власта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Фројд бил папучар со надреалистички очи вперени во валканиот веш на неговата снобовски дебело нашминкана жена.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Момченцето ги втисна стапалата и ги провре своите црвени, испукани раце, погледнувајќи во валканата вреќеста облека на луѓето, и удолу во долгата линија од луѓе и жени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)