во (предл.) - ветен (прид.)

Се обидуваше како моќен и мудар арапски раскажувач да ја долови суштината на палестинската драма, со сета своја афективна моќ да фасцинира и придобие што повеќе приврзеници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чекаше еден ден да го стори големиот чекор, да се одвои со своето семејство, во друга куќа, во ветената куќа крај Езерото, но требаше да мине доволно време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби му остануваше утехата дека и Мојсие не се врати во ветената земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствуваше на мигови како Мојсие, кој мораше со години да се подготвува во егзил, за да го осмисли реалното враќање во ветената земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И Татко веруваше дека, и него и семејството, следењето на јагулите ќе го доведе на крајот во ветената земја, во Атлантидата на спокојниот живот...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Арафат можеше на своето Пирово враќање од егзил да го жртвува последното што му остануваше, својот веќе разорен живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)