во (предл.) - дваесетгодишен (прид.)

1 Како резултат на тоа, во првата половина на 2010-та, беше спроведена првата научно- истражувачка студија од областа на трудовото право и законодавство, којашто е единствена од ваков вид во Југоисточна Европа, а се занимава со проблематиката на правата на работниците во Р. Македонија во дваесетгодишниот транзициски период, насловена: Обезвреднување на трудот –  Анализа на трудовоправната легислатива во периодот на транзицијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше средностав, згрчен во дваесетгодишно палто, бос, неизбричен, со тешко определиви години. беше човек што со нешто особено во исто време привлекуваше и одбиваше и долго се паметеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)