во (предл.) - заборавен (прид.)

Крадец на крадец ништо не му краде и откога Прометеј се истопори во центарот на Скопје (првин угул гол потем со наметка на алтипатлакот) и свика на бадијалџиската толпа: аманте бре, луѓе, за тоа ли толку се резилев и го маткав оној зевс додека му го дрпнав огнот на хефест за тоа ли се мачев да ве научам како се пали огнот - за вие да ги распалите сите шуми и гори македонски сите до една опеани во заборавените народни песни - колку огнови сте украле, толку пожари да распалите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ѕвезденото небо што можам убаво да си го замислам никако да го симнам во заборавената куќа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
19. Велес, колцето негово Во домот на Рацин А еден ден во нејасата измаглина се подадоа неговите раце од пресушената грутка од изронетата во заборавената темнина Дамнешни кристали растурени по почвата земна Линии складни во воздухот ги обновуваа некогашните форми дури се будеше мемлата од тркалото Со нив почнуваше земјата да се врти околу зборовите изречени во невреме И пладнето повторно ја воспеваше глината што се раѓа во неговите дланки и сите крикови несекнати и дални и кликот небесен и сончевиот оган нараснуваа во благото тесто на ломната материја на надежта Израстуваше од неа зборот во светла преобразба Зрачниот хоризонт пак над чардаците ги прибираше помнењето и смртта со затрчаноста на водите и времето
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Во нив е овозможен увид во заборавените хиерархиски композиции по пат на архетипските и амблематски одлики на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во Pink Space (1995), уметникот, „преправен” во заборавен пејач, се доближува до една барска столица, се насмевнува, седнува... и жално се наместува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се вратив во заборавениот дом (Речиси незабележлив среде шумата од зборови) Овде сѐ е приготвено во вид на копнеж Како во собата на Алхемичарот кој штотуку И се приближил на формулата за објава на златното доба (Мислам дека станува збор за нестварни одаи Или за скалила што водат кон нив)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Некој од школниците донесе ракатка свеќи што болснаа крај кандилцето запалени од присутните и забуцани во два грста земја ставена во заборавена чинија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Напати во заборавената куќа влегувам на погрешна врата Ме водат вашите гласови о луѓе Одвнатре викате а никаде ве нема Не помага ни тоа дека ги удвојувам очите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)