во (предл.) - зоолошки (прид.)

- Во Зоолошка немаа што да јадат, но затоа сега јадат тртушки по медиумите - им возврати Метакот атакувајќи кон нивното сурушко дувло.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Што правел во зоолошки Курта? КУРТА: Шмукал крв.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Во слободно време ги носеше на кино, на циркус, на капење во базен, во зоолошка градина, на коњски трки, на фудбалски натпревари; и кога шетаа, за едната рака го држеше мајка им, а за другата тие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Посетете ја лавовската трпеза во зоолошката градина. Ќе видите бесплатна претстава и уште во џебот ќе ви шушне малку сува слама, паричка со слика на рудар - ударник.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во зоолошка сретнуваш неколку истомисленици.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во тоа време во Зоолошката градина се направи таква бркотница, што помина доста време додека тргнаа со огромното специјално возило по слонот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во зоолошката градина, недалеку од тревното царство на пауните, од студентските дни Pavo kristatus, најдоа свој човек со смачкана глава. Без докази.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Морскиот лав во Зоолошката градина, кој паднат во некоја депресија одбивал и да јаде, кога се појавив и се подадов кон него, доплива кај мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се разговараме низ решетките, се гледаме ко животни во зоолошка градина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цвичат релсите, ко пауни во зоолошка градина, запира возот, но луѓето не запираат да се тресат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ако не го вратиме шимпанзото во зоолошката, светот ќе помисли дека ние не сме кадарни ни за чување животни, а камоли за зачувување на сопствената раса.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но што се случува? Жената снемува пари и го продава во зоолошка. Тој таму е депресивен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А тоа се две години редовен секс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мама го одведе Зоки во зоолошката градина. Зашто тој веќе треба да научи како се викаат некои животни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Или можеби ќе ме задржат во зоолошката градина, каков би бил тој живот! Брунила, кажи ми што да правам?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)