во (предл.) - картонски (прид.)

Ги помина сите, но не најде ни една што би го заинтересирала, но сепак му направи впечаток последната книга во картонската кутија што отскокнуваше со големиот формат и беше необично дебела.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А што било тоа? Ѓавол да го земе, што било? Ете тоа било. Големо, во картонска кутија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можеби зашто се „навлеков“ на нив, слушајќи го татко ми, кој беше мајстор да ги оживее писателите и нивните книги токму со надоврзани детали: ...какви корици има „Лав Толстој“ на Шкловски во издание на „Минерва“ (три книги во тврда кафеава подврска во картонска кутија со ликот на Толстој)... од кога Виктор Борисович почнал да се стриже „брич“, а од кога Мајаковски... како на очите на сестрата на Љиља Брик, Елза Триоле, Арагон им посветил цела книга... како на комунизмот му служеле Арагон, Бретон и Пикасо и како поради тоа се скарале...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ќе пие некое „Хелмут“ кафе, во картонска амбалажа со капаче, а ние ќе одиме на вечера кај газдата на Астор.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги отчукав на една стара машина за пишување во училиштето, ги подврзав во картонска корица, ги насловив како Енигма, напишав посвета: „На девојката со коси очи“, на првата страница го оставив мојот телефонски број (Луција ниеднаш не го побара за три години) и ѝ ја испратив по една другарка на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)