во (предл.) - кобен (прид.)

Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кат растроен лаци блудни растура во кобен вјас, неумитен граба узди великиот демон- спас.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И веќе никогаш никој не ќе знае каде е средето на светот, папокот на светот, и што пишувало во кобната книга што толку несреќи ни донесе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Безмилосен врски чисти збир утврден, сосем стар; развратниот кине мистик со отровен вознес- жар. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 141
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Податен на чинки исти недостоен паднат цар, моќ сенишна круни бистри податни на палав зар кон себе ги влече блиски плен понизен возврат- дар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Главите на воловите имале на челата човечки грижи и, една зад друга, потсетувале на ред измитарени султани и паши во рамки, биле подјармени старчиња чии богатства, слави и моќи се слеале во кобна точка од која, пред да воздивнеш, ќе шурне црна вода и ќе ги поклопи сонливи и некогашни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)