во (предл.) - масовен (прид.)

Доволен број од нас се враќаа со вести „од прва рака“ охрабрувајќи ги и другите да се обидат во истото - увод во масовното излегување на студентите на улиците во шеесеттите години.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Витешката покана ја добив поради неучество во масовен потег, кој ветуваше индивидуално бенефицирање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
“ Резултатот од таа промена во застапеноста во масовните медиуми, тврди Саливан, бил целосно спојување на стрејт-светот и на геј-светот, како и нова фузија помеѓу стрејт-културата и геј-културата, при што на вторава сега ѝ се губат оцртите и посебноста: Ако сликата за геј-мажите за мојата генерација беше собрана од филмот „Крузинг“ (Cruising) или, потоа, од „Сентиш трилогија“ (Torch Song Trilogy), сликата за наредната генерација се „Вистински свет“ од Ем-ти-ви, „Настрано окце“ од Браво и Ричард Хач како победува во првиот серијал на „Преживеани“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е она што му ја дава на дејството неговата посебна престижност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбира, во нашево постмодерно општество, машките спортски ѕвезди можат да си негуваат нападен имиџ што го китат со секакви изведбени керефеки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа склоност, која можеби започнала со боксерот Мухамед Али, веќе станала во масовните медиуми очекувано или барем истрпливо обележје на спортскиот свет, исто како што сега е обележје на стрејт-мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како резултат на тоа, одредени ликови што се веќе знаменити во масовните гласила стануваат геј- икони: нив геј- мажите ги преземаат со полнеж особен и различен од нивниот поопшт прием во стрејт- светот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
_____ 1 Universum Film AG, или UFA – филмска компанија основана за пропагандните потреби на германската армија како во Првата, така и пред и во Втората светска војна и покрај тоа што во меѓувоениот период, кога била приватизирана, под нејзиниот знак се создадени голем број антологиски уметнички филмови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Смрт со заборав, било во масовните гробници, било во медиумската мелница на нови и нови омасовени насилија, за кои нема, ниту кога и да било ќе има музеи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Малку или многу беше количината на фрленото железо и олово врз главите на немоќните луѓе, малку или многу се загинатите чии коски лежат во масовни гробници на просторот меѓу раскрсницата пред селото ’Рби и мостот на Пероо - Кулата, меѓу брегот на Големото и песоците и трските на Малото Преспанско Езеро?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓу два оброка, гибаница од луѓе (тесто + пот) фатени за раце (папочен синџир на бесконечноста) во масовен оргазам тонат кон вртлогот на вселената.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Во племенските општества улогата на индивидуата е да биде подредено, послушно дете.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова ненадејно појавување на хуманизам и отвореност на умот во масовни размери беше нешто ново.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Племенските старци се задолжени да мислат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)