во (предл.) - медитерански (прид.)

Постојат индиции дека во еден период за време војната работел во Медитеранскиот воен штаб, но тоа режимот секогаш го негирал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе продолжи да се школува, по препорака на своите француски професори од Цариград, првин во нормандискиот Лизје, потоа во медитеранскиот Каркасон, а ќе студира романска филологија на Универзитетот во Дижон, ќе слуша две години предавања на Колеж де Франс.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со разум може да се гарантира напредокот на земјата, но најчесто жртвите на големите идеали, кои често завршуваат и во илузии, идеалите си имаат работа со историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше еден од големите државници и реформатор не само на својата земја туку и пошироко во медитеранскиот и северно-африканскиот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Следејќи го владеењето одблиску во медитеранските источни пространства, како амбасадор, имав прилики да се соочам со владетели кои во владеењето ја избираа првата линија, која би водела неизбежно кон напредокот но и други кои се препуштаа на свиоци кон непознатото, неизвесното, со обиди да ја извишат кривата на владеењето повеќе од нивната реална моќ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во медитеранскиот простор луѓето од различни религии (милостиво прифатени, во поголем дел, од римскиот пантеон) почнале да сонуваат за објавата примена во зората на човечката историја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Величествената мермерна палата, извишена и расположена во медитеранската синевина, контрастираше со палатите на блиската, урната Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)