во (предл.) - монархистички (прид.)

Со својата кадиска диплома со која се здоби во Цариград во времето кога се разминуваа Отоманската империјата и новата Република Турција, во обете вклучен неговиот вујко Фетхи Беј Окјар, беше судија во монархистичка Албанија во времето на кралот Зогу, па адвокат и на крајот социјалистички судија во првите денови на комунизмот во Македонија, дел од Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука беше, првин, неговата цариградска диплома, со која стана кадија, па нејзината нострификација во монархистичката родна земја, па потоа нејзината валидност од времето на окупацијата, во градот на истекот на реката од Езерото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Цариградска диплома за правни студии, во монархистичката родна земја!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ја носеше во себе оваа тајна во монархистичкиот период на својата родна земја, ја носеше и кога, како судија и адвокат, патуваше низ Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И затоа, уште во монархистичкото време во родната земја, одлучи да биде адвокат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)