во (предл.) - национален (прид.)

Решението го потпишува службеното лице кое го донесува (чл. 214, ст.1 од ЗОУП). 59 Митревски против Центар за култура Спор за враќање на работа1 Qui tacet consentire videtur.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кој молчи, значи се согласува [со неправдата] Работникот Тони Митревски од с. Логоварди, Битолско (сега 43-годишен) работеше, а и после спорот продолжи да работи, во Националната установа „Центар за култура“ – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инаку, Шлатас беше атеист и социјалист по убедување, но ангажиран во националната влада исто како и комунистката Спирка, која мора да се признае дека имаше поголеми мадиња од цела новинарска фела заедно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Уште 1953-та Ф. К. Говард и М. Г. Н. Хајн од Европската лабораторија за физика на честиците (CERN) во Женева користеа компјутер во Националната физичка лабораторија во Лондон, за да покажат на кој начин движењето на честиците може да се промени од правилно во хаотично.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По неколку години се вработи во Националната библиотека.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чудесно ми беше тоа, особено зашто поради предметот Универзитетот трпеше многу критики во националните гласила и во државата Мичиген.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во аглите висеа обесени суви лејки од македонските ниви и препарирани фазани , жртви од ловот во националниот парк.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Историските околности неминовно водеа до загубувањето на Србија за Бугарија во корист на Немањиќевците и на српството, прво во политички, а после и во национален однос; а историските околности создадени од Берлинскиот договор направија Македонија да биде загубена за Бугарите, прво во политички однос, а после и во национален.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
121. Националниот сепаратизам се должи на српски воспитаници идеалисти што работат под српска маска, а во душата своја се признаваат за Македонци; српските воспитаници, со своето образование во Србија, се образуваа во национален дух, наместо во национален индиферентизам во Бугарија, иако некои од нив целосно не престанаа да се викаат Бугари, но меѓу нив и Македонците со чисто бугарско образование и самите Бугари се отвори една голема пропаст: тие со своето образование застанаа на средината меѓу Бугарите и Србите, т.е. викајќи се по традиција Бугари, тие престанаа да се такви во својата душа: тие станаа Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се викавме вистина „Бугари” и „христијани” во национална смисла, но зошто тоа е и дали е навистина така – ние не се запрашувавме многу— многу.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Досега нашиот народ се интересуваше повеќе само за полна политичка автономија, а во националните наши интереси допушташе башибозучки да му се набркуваат разни неканети гости, како: Бугари, Грци и Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, токму сега му е времето да се мисли за нашиот јазик, нашата национална литература и воспитувањето во национален дух.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Среде тој бескраен спор помеѓу двата братски соседни народа македонското словенско население, заради кое тие се караат, малце по малце зрее во националното самосознание и сака да се ослободи од покровителството на соседните народи за да може само да си биде вршител на своите судбини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И како што загубувањето на Србија во политички однос го повлече по себе загубувањето нејзино и во национален однос, исто така раздробувањето на С. Стефанска Бугарија во политички однос ќе го повлече и раздробувањето нејзино во етнографски однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доста се таквите жални резултати од врзувањето на нашите интереси со туѓите за да се убедат мнозина дека нашиот спас е само во националниот и религиозниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На вака гневно реагирање, ме потикнаа неодамнешните изјави на некои наши релевантни драматурзи и театролози по прашањето на застапеноста на домашниот автор во националните театарски куќи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пруската победа ја исправа таа историска аномалија и им овозможува да се вратат во националната закрила”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
23 Непосредно по потпишувањето на примирјето, па дури и пред во Версај да отпочнат преговорите помеѓу Франција и новото германско Царство, пратениците на Алзас и Лорена во Националното собрание во една свечена декларација ја обзнануваат својата верност кон Франција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За да го променат законот на општествената рамнотежа, тие ги изнајмуваат појците и гусларите на јазичките и сите други кривотворења, боцкалата, душкалата и крвопиите, а потоа целиот разлог на општественото постоење, со таквиот јазик, го пронаоѓаат во националната биологија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Дејствувајќи врз слабите страни на српскиот народ и оставајќи го во илузии, само не чепкајќи го во националните чувства - со него може да се владее како што се сака”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во меѓувреме, ова стана психолошка матрица длабоко втисната во националниот карактер на сите овдешни племиња.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа не значи дека таа вредност ја немаат и делата кои се изложуваат во националните галерии и музеи туку напротив, само остава повеќе простор за влијаење на овие институции врз пазарната вредност на тие исти дела, но индиректно, преку претходно дефинирање на критериумите со лансирање на специфични вредности кои комерцијализираната сцена допрва треба да ги прифати.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Класната формација внатре во националниот организам би значела будење на оние непомирливи спротивставености внатре неговата свест на патријархален маж- војник, коишто тој еднаш ги закрпил со „херојскиот принцип”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На тој начин нема да паднеме назад во националните идентитети, етничките групи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се прашувам колку долго оваа фикција може да проживее без своите други два столба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што остана во националната држава е чистата политичка власт која веќе ја нема потпората на економскиот менаџмент и културната хегемонија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„В) Да ѝ се пристапи на Советската влада со идејата за постигнување заеднички договор за немешање во политиката на Балканот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И во однос на ЕАМ се сметало дека во средината на 1944 година веќе не „би било можно…да ѝ се даде екслузивна поддршка на ЕАМ“, особено во моментот кога „грчкиот премиер се согласил да прими во Владата нејзини претставници и да ја вклучи ЕЛАС во Националната армија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)