во (предл.) - најголем (прид.)

Работниците (меѓу кои и Ѓорѓиевски) во најголеми- от дел од овој период живеат во импровизиран камп во дворот на фабриката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Условите во кои 90 се одвива штрајкот во наредните шест месеци се крајно тешки и нехумани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но се поставува прашањето дали и тие се на вистинскиот пат кон конечното решение, бидејќи во најголем број случаи овие теории како да го губат од вид особениот карактер на менталните состојби.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овој вид теории кон крајот на 20 век имаат сè поголем број приврзеници.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш дел од камените блокови на тврдината биле донесени од урнатините на блискиот антички град Скупи кој пострадал во најголемиот балкански земјотрес во 518 година.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сепак, во најголемиот број шахти, беа ставени водомери кои, потоа, никогаш не се читаа, ниту доколку би станало таква потреба, луѓето лесно би се согласиле на тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во филмот My hustler од разговорот на учесниците (кој во најголемиот дел од филмот се одвива off- screen) дознаваме дека Пол Америка, предметот на нивното упорно набљудување (и желба) се занимава со проституција со машки; најинтересен момент е кога во купатилото ќе му падне пешкирот што му стои околу половината.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Монтажа и време Ворхоловиот пристап кон монтажата го карак­теризира, слично како и во остана­тите елементи, специфичното отсуство на монтажата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во Blow job уште со насловот е навестена 30-минутната екстаза на лицето на протагонистот, наводно, индуцирана со фелацио надвор од видното поле.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со други зборови, во најголем број Ворхолови филмови нема монтажа под нивото на ролната.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мириса на пролетни цутови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Корец седи скршен во нивниот нов квартир, додуша во најголемото еврејското гето именувано според баронот де Хирш, јудејскиот добротвор кој пред половина век го намени за засолниште на Евреи избегани од погромите во Кишинев и Мохилев.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Враќање кое, се разбира, може да биде само симболичко, митско во најголема мера.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Додека во првите вечерни часови се затвораат „Халите“, додека се повлекуваат тезгите во сите трговски дуќани, кога престанува животот и работата на ескалаторите во најголемата париска трговска куќа „Лафает“ и кога се затвораат речиси сите продавници, и кога трговскиот Париз оди на одмор, во метрополата пак е живо и пак се тргува, но сега само за ноќните посетители и гости...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа се наоѓа во најголемиот пасаж, во безистенот на покриената чаршија на овој град, која го носи името „Едлер“ пасаж, и која е полна со дуќани, продавница, кафеани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се вративме во Ставрос, во најголемиот ресторан на градот, на браќата Калидиоти, на самото градско паркиралиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде видов многу шуми, густи шуми, но така уредени, како да личат на убав парк, кој кај нас не ќе може да се сретне ниту во најголемите градови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ѕидовите на студијата беа премногу високи за да ги прескокнам и едноставно не знаев како да се продадам себе си или што воопшто да продадам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Името на стрипот беше „Живот во 120 Margina #22 [1995] | okno.mk пеколот” (Life in Hell), во најголем дел како реакција на животот во Л.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие успеси овозможиле во најголем дел од градовите и селата да се формираат органи на новата народна власт (народно ослободителни одбори).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тоа пак, од своја страна придонело да се забрза процесот на конституирање на македонската држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Денес повеќе од кога и да е, делото на Кабаков, претставено во најголемите светски институции, низ незграпна едноставност и двосмислен реализам, ја изразува неизвесноста на уметничкото дело и на вистинскиот статус на уметникот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Затоа тие сметале дека не било можно да се одделат саботажите од политичкиот живот на земјата и поради тие причини “СОЕ се нашла во позиција, во најголем дел, да соработува со партиите од лево и настојува да прифати политика спрема различни земји на окупирана Европа кои се од непосреден интерес на оние кои се одговорни за водењето на надворешната политика на владата на Неговото Височество“.15 Како заклучок од она што се случувало на Балканот до септември 1943 година аналитичарите на СОЕ истакнале дека: “• Необично е што низ целиот Балкан партиите од десно соработувале со силите на Оската, а додека партиите од лево во чии редови влегувале млади луѓе, покажувале постојана желба да ги ослободат сопствените земји. • Од друга страна било сосема јасно дека мнозинството од оние кои припаѓале на левите партии кои се бореле против силите на Оската и го формирале општото мнозинство низ целиот Балкан, им се придружиле единствено бидејќи тие им нуделе организирана форма за ослободување на нивните земји. • Ако сакале да дадат отпор и да се искористи максимумот, метеријално, човечки и физички низ целиот Балкан, кој е подготвен да се спротивстави и да се бори против силите на Оската, требало да се помогне тие партии и покрај тоа што тие биле предводени од елементи на левите. • Доколку не сакале да имаат комунистички блок низ целиот Балкан, во вистинскиот момент требало на левите партии да им понудат очигледна помош во форма на стабилни републикански влади и понекогаш уставни монархии, како спротивност на постојните ројалистички влади и покрај тоа што би било неможно да се отстрани од свеста на масите соработката на ројалистите и десните со непријателот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Денес (ако зборуваме за оние посериозните) тие тези се потполно “passe” за разлика, на пример, од дваесеттите на овој век кога некои дадаисти ја објавија смртта на уметноста - “Die kunst ist tot”, пред сѐ мислејќи на класичната - буржуаска концепција на уметноста и алудирајќи во најголема можна мера на буржуаскиот морал.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Она што е особено интересно во оваа класификација е тоа што таа мошне се потпира на реалноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доколку ви okno.mk | Margina #11-12 [1994] 103 поверува како на човек, тогаш во најголемиот број случаи потполно спонтано ќе ги следи вашите препораки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кај него работите повеќе се случуваат на некакво човечко ниво.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Договорот мораше да се реализира во најголема тајна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во најголем број случаи се меша со прилично нештетни супстанции, иако повремено се наоѓаат и доста токсични материи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сето ова во најголем број случаи, поетот не мора да го знае но, тој го чувствува, тој тоа по една законитост, по силата на својот творечки инстинкт и имагинација го прави, го созадава.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со измените и дополнувањата на овој закон кои во најголем дел беа од процедурално-појаснувачки карактер дојде до дефинирање на статусот на јавниот службеник врз основа на работата која ја извршува, како и начинот и условите при пополнување на работно место, дополнително се допрецизираа некои аспекти од дисциплинската постапка, се воведоа одредби со кои се регуира заштитата на правата од работен однос пред надлежен орган во јавното претпријатије, а беа утврдени и случаите во кои може да дојде до престанок на работниот однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Освен тоа што енормно беа зголемени законските обврски кои организацијата на легален штрајк ја направија скоро невозможна мисија за работниците, овие изблици на работнички револт сега се во најголема мера, целосно узурпирани од социјалниот дијалог, кој пак е само обична апологија на политичко-бирократските елити за создавање илузија дека всушност нешто се прави за подобрување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со постојано запалено луле, и по големи жештини и во најголеми студови, ја обиколуваше пругата од Лознани до Галичани и назад, и никогаш со никого не се скара.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Статуетите на Сталин и значките со негов лик ми беа подарени во најголем број.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
АНЃЕЛЕ: Јас сум од местово и знам кај нас како се работи, во најголемата работа, ако пушиш, ќе појдеш под сенка да испушиш едно цигаре, а таму откако ќе влезеш на работа та се додека ја напуштиш работата цигаре не ти дава да запалиш.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мајка ми ми имаше речено дека тие досадни бубачки и мекушлавци во најголем број се јавувале наутро и тоа по влажните места со многу росно зеленило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислев на мекушлавците а истовремено почувствував и останав многу изненаден дека токму сега се јавува и она чувство на измаменост од сопствената волја што грдо и неодговорно ми пристапува со оној писклив глас што доаѓа негде од далеку, а сепак од мојата внатрешнина: "Ти си лажго!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако, неспорно е, многу се сменило, геј- и протогеј-децата, во најголема мера, сѐ уште растат во хетеросексуални семејства и домаќинства.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Електра стапува во патријархална функција (а со тоа и во трагична достоинственост), затоа што во најголем дел од драмата машките јунаци ги нема на сцената и никој освен Електра не е желен да го заземе местото на машки наследник.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едно слично одрекување опстојува, што е уште почудно, во најголем дел од напишаното во академската област на „квир-теоријата“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најблизу дотерала Електра од Софокле, но она што конечно ѝ ја дава на таа драма нејзината сериозност е нејзиниот близок, подреден сооднос со династиските преокупации на машката култура: татковата оставнина, владетелското наследство, преносот на сопственоста од татко на син и продолжувањето на машката лоза.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Судирите меѓу мајките и синовите се вистински кандидати за тој возвишен статус (еве, колку за почеток, помислете си на Хамлет и на Орестија), но борбите меѓу жени од различни генерации едноставно не се граѓа за трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во минатото, барем, отсекогаш сум инсистирал дека да се биде геј апсолутно нема никаква нужна врска со ништо друго освен со геј- сексот. ‌По тоа, мислам, дека бев типичен за својата генерација – односно, типичен за геј- мажите што излегоа од плакар на средината од 1970-тите, шест години по Стоунволскиот бунт во 1969 година, во времето на геј- ослободувањето што тие безредија го воведоа и кога во најголемите градови се појавија нови општествени геј- светови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сопствениците, во најголем број поранешни италијански трговци, сопственици на бродови, ресторани, хотели, јавни куќи и мали индустриски фирми, народната власт ги развласти и ги протера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој, кој досега само слушаше, се исправи и, барабанејќи на масата со прстите од левата рака, праша: - Знаеш ли за што мислев? – допре до нас прашањето и без да чека одговор – пак праша: - Зошто само зиме, во најголеми снегови, студови и цикни, по долги и истоштувачки маршеви, смрзнати и гладни ги напаѓавме градовите?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во изминатите времиња и во спомените на неговите жители, кои во најголем број се распрснати по светот, попознато е како - Желево.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Заканите делумно ќе бидат остварени тие денови, а во најголема мера во време на Илинденското востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Задачата што му била поставена да го прими динамитот во Бугарија и во најголемата тајност да го пренесува во Цариград, ја извршил беспрекорно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На друго место покажав дека неговиот модус операнди може да се утврди во најголем дел од неговата проза.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес не се шегуваше кога како задача на литературата го постави повторното испишување на старите метафори.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Она што Џон Апдајк го рече за Борхесовите есеи може да се примени и за неговата проза: „Тие имаат структура на лавиринт и, како огледала, взаемно се отсликуваат... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 216
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Раскажувачкиот текст станува огледало коешто сликата ја прекршува на начин или да го извртува или да го враќа претходниот текст.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еднаш месечно го правев оној питачки гест – ја испружував раката за во неа да добијам од брат ми пари за живеачка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш одев кај Роза, која во најголемиот дел од годината беше на бања; во неделите секогаш се собиравме на ручек кај Зигмунд, а тој, по смртта на мајка, не доаѓаше кај мене во неделните утра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што и му честитаме, ако е вистина. Михаил Булгаков КИЕВ ГРАД Status praesens Да се рече: „Печорск го нема“, тоа ќе биде претерано. 186 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
3. За да се биде забавен во општеството, да се умее да се убива и весело да се минува времето, потребна е само една наука: карти - во најголем број случаи, оваа наука ги заменува сите други науки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Печорск постои, но куќи во Печорск, во најголемиот дел од улиците, нема.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Колку е мила и привлечна храброста на тоа кутренце, толку е забавна смелоста на вашата памет, кога таа им се лути на работи пред кои истата е помала од пудлицата пред капетанот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во празното село се населиле колонисти доселеници, во најголем број од Македонија, Босанска Краина и Далмација.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Селово се вика Качарево и, заедно со соседното Јабука, во најголем дел е населено со Македонци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Треба да се знае дека Акакиј Акакиевич во најголем дел се иразуваше со предлози, прилози и, најпосле, со такви зборчиња, кои апсолутно немаат никакво значење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од двата европски модели за нацијата, Третиот свет во најголем број случаи го усвои оној полошиот и тоа со активен благослов на учените луѓе од Запад. (...) Имено, токму во моментот кога на другиот човек му се враќа неговата култура, му се одзема слободата: неговото сопствено име исчезнува во име на неговата заедница; отсега тој е само примерок, безличен претставник на еден посебен вид суштества.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се колнам, во најголемиот број примери тоа да ти биде истиот, тој што грабнал и тој што чувал. Проклет да бидам истиот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Често, среде игра со своите врсници, во најголемиот занес ќе застанел и, како вкопан, се загледувал во сонцето што заоѓа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стрикото Лентен беше единствениот обичен, незначителен човек што имаше таква сила над татенцето, Токму тоа, таква голема, чудесна моќ да го запре во најголемиот бес.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ти можеш Можеш да ми ги однесеш зборовите и во најголемите далечини... да ја дознаеш вистината на мојот лик, да го оживееш мојот сон, да ми ги потрошиш солзите за среќа, и пак да ме вратиш на почеток...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Како најмлада и најубава, беше поштедена од страната на сите во најголем дел од домашните обврски.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој внимателно ме слушаше, се разбира, го прифати мојот неочекуван предизвик.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас охрабрен продолжив: - Јасер Арафат во поновата историја на владеењето во светот, во најголем дел од XX век, но и почетокот на XXI век, како да настојуваше да наложи нови вредности.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски во најголемиот дел од својот живот беше означен од борбата против фашизмот, уште од рововите и барикадите на Граѓанската војна во Шпанија од периодот на диктаторот Франко, па сѐ до учеството во првите борбени редови на антифашистичката борба во Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Големите везири (премиери на султанот) и везирите, во најголем број во османската историја биле од балканско потекло.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овде, во најголема мера ќе владее религиската и меѓуетничката толеранција, а ќе бидат поттикнувани и слободните филозофски расправи, изградбата на библиотеки, факултети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во неа имаше книги и ракописи кои не можеа да се најдат и во најголемите национални и општински библиотеки во градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И додека во тоа време Париз и Лондон биле мали, неразвиени градови, Кордоба имала околу сто илјади жители и библиотека со околу половина милион книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во првата помала просторија беше неговиот работен кабинет кој водеше во најголемата просторија приспособена во библиотека со десетина високи сталажи како во сите градски библиотеки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За нив била позната и изреката: денес везир, утре резил.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар окупатори, француските офицери, од резервниот состав во цивил носители на различни професии, во најголем дел интелектуалци, беа добро примени и почитувани од населението, додека командантот на зоната, подоцна бригадниот генерал Едуар Огист Иполит Мортје, го имаше Татко за свој преведувач.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Двете се заколнавме дека тоа што го работиме таму ќе го чуваме во најголема тајност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Целиот разговор наликуваше на посета на стар и заборавен роднина, полн со непријатни паузи, и прашања, и тоа од оние колку да се врти некој муабет, во најголем дел поврзани со нивните другари од гимназискиот клас.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во најголемиот број случаи немаше судење, немаше извештаи за апсењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон немаше никаква врска со организирањето на лотаријата, со која управуваше Министерството за изобилство, но беше свесен ( како впрочем и секој друг во Партијата ) дека премиите во најголем број случаи беа непостоечки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наполно допуштам, дека ти беше среќен со мене, затоа што и во најголемата несреќа таков голем егоист, каков што си ти, секогаш ќе ја најде за себе сигурната поткрепа во самиот себе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И во виа малите, и во најголемите: од ниедно не ме стра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
I Да можеа да зборуваат сите Мајкини гени и хромозоми, тие ќе ви ја раскажеа најнеобичната балканска одисеја на еден живот минат, во најголемиот свој дел, во одбраната на едно семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе ги запише, во почетокот на првата глава (романот е поде­лен или распослан врз 58 одделни поглавја или врз 358 страници – Г.Тод.) авторот следниве зборови: „Да можеа да зборуваат сите Мајкини гени и хромозоми, тие ќе ви ја раскажеа најнеобичната балканска одисеја на еден живот минат во најголемиот свој дел, во одбраната на едно семејство”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со читањето, таа, на најсреќен начин, го совладуваше времето во најголемата осаменост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Филмовите од овие три етапи веќе на прв поглед се разликуваат според својот темелен „тон”: така, за англиската етапа е карактеристично напнатото, питорескно збиднување во кое во брзо темпо се сменуваат трагичното со комичното и во кое, секојпат во текот се вплетува мноштво од „реалистични” детали (заради што, оваа етапа најмногу им лежи на срце на традициона­листички насочените левичарски теоретичари на филмот, например Sa- doul); меѓутоа, за „Селзниковата” етапа (од „Ребека” па натаму) поголемо значење има женската нота (во најголемиот дел од овие филмови, настаните се раскажуваат од женска перспектива - „Ребе­ка”, „Маѓепсаниот” - или пак жената е средиштето на збиднувањето на настаните - „Во знакот на јарецот”), и рамномерниот, нагласено мелодраматичен ритам и на рамништето на истиот, ладен формализам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На мајка ми Книгите се во најголема соба во куќата.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Нашиот човек мојата наредба ја изврши во целост поради што Ви ја испраќам оваа строго доверлива информација и Ве известувам дека сè друго овде е во најголем ред, особено сега кога непосредната опасност е отстранета. Потпис: Тиле Петропулос. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Природата го закорени за најголемиот парадокс крај Езерото: во природата царуваше вечниот, единствен континуитет во животот, а историјата на семејството, на луѓето околу Езерото се одвиваше во најголемиот и најневозможен дисконтинуитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој ги викна децата од неговата зграда и тие заеднички искитија една висока елка во најголемата соба од станот на Зоки Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тоа време, државите на Западна Европа во најголем дел ги затворија своите граници за Евреите и другите лица без државјанство.40 за државјанин од страна на ниту една земја во рамките на нејзините закон“ (Чл. 1 од Конвенцијата на ОН за статусот на лицата без државјанство од 1954 година). 39 Види UNHCR/IPU. 2005. Nationality and Statelessness: A Hand- book for Parliamentarians. Handbook for parliamentarians no. 11-2005, 4. 40 Kristin Hill Maher, “Migration and Selective Memory in Fortress Europe,” review of Guests and Aliens, by Saskia Sassen, SAIS Re- view 20.1 (2000): 192. 35 Изолационизмот се засили со економската депресија во 1930-те години и продолжи сè до крајот на Втората Светска Војна, доведувајќи до трагични последици за многу бегалци.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во бездните кај Нежилови Стени никогаш не се топи снег... се задржува и во најголеми летни жештини...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еден значаен крак, прифатен од султанот Бајазит II, ги населува приморските градови на Отоманската Империја Цариград, Измир и во најголем број Солун.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го положуваат телото на Фатмира во гробот. Го опсипуваат со цвеќе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Честопати го читам вашето писмо што ми го упативте на 10 мај 2000 г. и размислувам за неговата содржина, особено за фрагментот за тишината, која до крајот ги држеше обединети моите родители во нивниот полвековен заеднички живот, во најголем дел минат во егзил и во израснувањето на нивните шест деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На погребот во најголем број се роднини.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во нашата куќа во Скопје крај реката Вардар, во тивките квечерини започнуваше да изгрева чудесна тишина, која можеше да се слуша, да се препознава, да се гледа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бевте во право кога велевте дека во текстот беше изразена толку силно хармонијата на еден маж и на една жена низ нивната тишина за што тешко можело да се најде друг пример, слика на една чудесна убавина, која трансцендирајќи секаква друга конкретна реалност, ја чини вистински амблемска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред моето заминување во Париз како на дланка ми ги откри тајните на Quai dOrsay, доминантната институција на француската надворешна политика во која во најголем дел требаше да се одвива мојата мисија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На Чук Нам во Македонија во најголем казан му вареле јанија, во Србија ќебапи печеле, а од замаглената Британија со вагони бивтеци влечеле.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
И попусто. Спанкото не ќе го разбуди ни Парагвај, ни Уругвај, ни Куба - дури и заедно со Мексико и Чиле да дуваат во најголема труба.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Во следните денови, пред да ја напушти работата во Шумското, откако детално ги испревртува тезгите во НаМа, подготви голем пакет и во најголема тајност го однесе на пошта и го испрати до затворот во Суботица каде што ја издржуваше казната Димостен.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тие диво прескокнуваа сѐ што беше обично и секојдневно, и бидејќи пречките да бидат заедно беа непремостливи, таа силина на чувствата всушност го содржеше во најголем дел и отпорот спрема таа непремостливост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го измислил и мастилото за пишување, го отпечатил прв и извештајот на Колумбо по враќањето од Новиот свет, а сепак, кутриот, пред десетина години умре во родниот град во најголема сиромаштија. Многу поучно, нели?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)