во (предл.) - останат (прид.)

Во влакното, иако е тенко, е нашиот ген. Сите особини на човекот се во влакното, исто како во останатиот дел од телото! – зборуваше Трајанка...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе појаснам зошто. На времето, во останатите социјалистички држави луѓето, помалку или повеќе скапуваа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ова таа го истакнува како голем апсурд и недостаток во функционирањето на Синдикатот: имено, нејзиниот став по ова прашање е дека се јавува голема нелогичност кога вработени од синдикатот имаат спор со ССМ – за нив да нема никаков обѕир од тамошната правна служба, односно тие да немаат право на бесплатна правна помош, односно квалификуван правен застапник од својот синдикат во кој едновремено и работат, но и членуваат!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Генерално, како Синдикатот така и правната служба во истиот, се финансира од членарина што вработените во ССМ редовно ја плаќаат – како и сите останати работници во останатите сектори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оваа измена дојде до отстранување на обврската договорот за вработување (заедно со останатата потребна документација) на лицето кое се пријавува да биде даден на увид на службеникот во Агенцијата, со што евентуалните прекршувања на законот во поглед на елементите, правата и обврските на работникот и работодавачот кои би морале да бидат јасно утврдени во договорот за вработување се остава само на Инспекторатот за труд, кој пак согласно своите овластувања врши редовен инспекциски надзор еднаш годишно, но само во одредени стопански гранки, додека пак во останатите, тоа го прави еднаш на секои 3 години, период кој е предолг за работникот да трпи последици од договорот кој не е склучен согласно законот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Седнува на спротивната страна. Гледа во останатите. Вади лула, ја пали, прекрстува нозе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
“430 Е, па, освен ако баш не ѝ се радуваме на хмурната можност остатокот од животот да висиме по негеј-храмови, одговорот на прашањево сигурно ќе биде едно громогласно да.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се врти сета моја личност околу тоа што сум лезбејка“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Освен, се разбира, кога пишуваш напис за изданието на Салон по повод Геј-гордоста, напис што не се врти околу ништо друго, освен околу тоа дека си лезбејка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Разбирам дека на угнетените малцинства им треба заедница за да чувствуваат прифатеност додека да станат интегрирани во останатиот дел од општеството“, признава Дегрант.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)