во (предл.) - поодминат (прид.)

Но сега беше во поодминати години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знам од книгите за него, дека и тој копнеел по едно парче земја во поодминатите години, императорот кој создал закони и на граѓаните им дарувал милост, сакал да се повини на копнеж стар, дури телото сѐ уште му слугува, да се врати во познат предел со песок на ритчињата, со хумус под сенките на боровите и да го чува парчето земја како што го чуваат селаните своето, ако треба со секира.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Човекот кој продаваше беше во поодминати години, ама стасит!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој ја задржа цврсто и во истиот момент се стрчаа една постара жена, еден маж во поодминати години и Севда и Стасе...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во јануари минатата година му открија дека има рак на простатата во поодмината фаза, така што операцијата не би помогнала.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По лабораториските анализи, беше потврдена дијагнозата за шеќерна болест, и тоа во поодмината фаза.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Болеста е сепак во поодмината фаза.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така, кога ќе дојдевме кај Татко, дури некои од децата веќе во поодминати години, да му се пожалиме поради некоја претрпена ситна неправда или болка и да побараме од него лек, совет или поддршка, тој, кутриот, макар сронат од болеста, изрешетан по телото од стотици инсулински инјекции, малку закрепнат, но тешко подвижен, н храбреше и зрачеше пред нас со посилна енергија, исполнет со сила и со надеж да го досрка животот, до последниот жив атом на телото и на душата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Обајцата беа во поодминати години, а со истиот занес од младоста. Тешко се приспособуваа на заедничката работа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Првите психијатриски дефиниции за девијантната сексуална ориентација, разработени во поодминатите години на деветнаесеттиот век, не биле дефиниции за хомосексуалноста, туку за превртувањето на половите улоги и за трансродовоста: „спротивното сексуално чувство“ на Карл Фридрих Ото Вестфал од 1869 и Ариготомасовата „инверзија на сексуалниот инстинкт“ од 1878 година.43
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По образите се гледа дека е во поодминати години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Доктор Ауербах ги негирал претпоставките на своите колеги дека тагата на Рајнер делумно потекнува од тоа што неговите родители го добиле во поодмината возраст, и повеќе изгледаа како да му се баба и дедо отколку татко и мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Е, ама имав врски и две-три попатни провокации, и грижа како за кралица, па сум ги побркала лончињата мислејќи дека ова, третово искуство, ќе биде еквивалент на несење јајце од една кокошка во поодминати години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Астмата беше во поодмината фаза.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Роза Регас се сеќава дека ја видела во трговскиот центар Ел Корте Инглес пред дванаесет години, со избричена глава, во портокалов свештенички фустан, приклучена кон некоја источна секта и во поодмината бременост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Април 1978 Превод: Катерина Јосифоска _______________ 22 Изворник: García Màrquez, Gabriel. Doce cuentos peregrinos. Buenos Aires:Sudamericana. 33–40.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бургиба Јуниор беше во поодминати години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат ми зборуваше за средбите со Тито во Белград, на Бриони, на бродот Галеб. Му се насолзија очите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше човек со живи емоции, иако во поодминати години од животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во поодминати години тој имаше судни маки да го научи како што приближно треба македонскиот јазик од групата словенски јазици, со кодифицирана азбука и граматика малку време по неговата преселба во Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обајцата беа во поодминати години, но го имаа истиот занес од младоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лево од нив, во малото сепаре, изделено со ниски, стилизирани столбови од дрво, разговараа Киријаз и Софија, жена во поодминати години, службеник во одделението за односи со јавноста во Агенцијата за екологија во урбаните средини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Најпосле, таа не може да им се меша, тој навистина е во поодминати години, ама уште во Гаково покажа дека може да се грижи за нив двете, за Добра и за Ленче.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Најмачно му беше да ѝ го оправда неочекува­ното заминување на својата мајка која беше во поодминати години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ме прегледа гинеколог. — Не може абортус, вели, детето е во поодминати месеци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ви ја испраќам фотокопираната страница со неколкуте редови на кои веднаш помислив откако прочитав за тоа како тишината ги обединувала вашите родители: Еден маж и една жена во поодминати години седат еден крај друг во тишина, квечерум пред нивната куќа: и кај едниот и кај другиот, секој збор кој излегува од нив, секој чин што го создава нивниот збор е покриен со тишина; тие, обајцата самите станале фрагмент на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Убавата и стројна Евдокија од Прилеп само побелената коса ја кажуваше дека е во поодминати години, а благиот збор и насмевката во лицето дека им станала трета мајка на неа и на Добра, а на Ленчето баба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)