во (предл.) - скопски (прид.)

Ноември е: се менува небото, зачестуваа дождовите, сѐ се позгуснати и потешки, се набираа маглите во скопската котлина, па испаруваа како од коктел гушејќи ги минувачите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се приклучила кон сонародниците во ноќта на 11 март 1943 година, со нив била транспортирана во Скопје, затворена во привремениот логор за македонските Евреи во скопскиот монопол.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Својата слечена жолтокожност ја оставив висната на чивилукот во собата 43, во скопската Воена болница. (Жолтилото го задржав само во песните и во белките.) Утревечер заедно со мојот втор живот скромно ќе си ја прославам Старата Нова Година.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Пред портата на горбиштата еден огромен црн ѓавол со рогови му се здава на Галилео и му бара влезница за гробиштата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ај беља работа, си вели во себе Галилео и тргнува по друга патека: фреските во скопско Нерези не се ништо полоши од овие во Пиза, а таму сетики нема ѓаволи пред манастирските порти.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Вториот човек што сакам да го споменам во овој контекст е господинот Башким Адеми, кој е претставник на една сосема нова феноменолошка одредница во скопскиот андерграунд.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кракатау:Тамам се одвоивме од политика, Ајванхо, задрапуваш!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: И на крајот, се ебеме само слики за да створиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау: Цел арсенал на мудрости, со десетлтија негуван, од колено на колено, во скопскиот андерграунд, од драгстор до драгстор, од чај до џоинт...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Фатен и мачен бил и познатиот револуционер Т. Лазаров; окован во пранги во скопскиот затвор бил доведен Петар Попарсов; уапсен бил и Иван Гарванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пишувајќи за овие знаменити велешки граѓани, П. Шатев, кој лично се познавал со нив, дава интересна оценка за нивното место во ослободителното движење: “Трајче Христов и П. Бошнаков беа две натури кои што се надополнуваа, двајца типични претставници на народните револуционерни маси и интелигенцијата во Скопско.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Лежерно ме смести во една од фотелјите, им одрецитира неколку ласцивни вица на трите поети во подем и ги испрати, развеселени, назад во скопската ноќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во 1942 година е уапсен и осуден на смрт со бесење како организатор на атентатот врз бугарскиот висок полициски функционер во Скопје, озлогласениот Мане Мачков, казната е преименувана во доживотна робија која ја издржува во скопскиот затвор Идризово.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тоа било јасно и било јасно: многуте советници со висок ајлук и вечни гости на беговиот мудбак можеле да им смислуваат одмазда на непокорниците од Кукулино; тие исти советници еднаш веќе сториле да загине од безмилосни пушки измирецот и милосникот на убавината Селџик-бег заради споулавеното јунаштво да ги зема под заштита копуците и залангугурите од најкраставите крстени села во Скопската Котлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сеедно - господарел: неговиот свет, оној до кој му допирала мислата имал свој поредок и свое безредие што тој го создал, и никој веќе не смеел да најавува свои закони и да бара правдина поинаква од онаа под чија сенка живеел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа, беше ангажиран хеликоптер со кој беше префрлена во скопскиот клинички центар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Возот во скопската железничка станица остануваше не повеќе од половина час и операцијата на истоварот на книгите мораше да се изврши брзо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Книгите беа префрлени во карго на големата композиција, а потоа во вагонот кој требаше да ги остави во скопската железничка станица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако среќавањето пред тој јунски ден, во јануари на таа година, со пламените стихови на „Очи“ и „Љубов“ говорени од Ацо Шопов на конгресот на македонската младина во скопскиот офицерски дом беше сето во егзалтацијата и патосот на големото славје на слободата и во првата фасцинација со убавината на ослободениот македонски јазик, доживувањето на Рациновите елегични, чемерни стихови на болката и убавината на неговата Балада, се откриваше како трагично идентификација на самиот Рацин, во смртта, во онаа „кара смрт“, со непознатиот војник од една друга војна, - Големата, „световната“ - идентификација што ги исполнуваше и обединуваше луѓето во заедничка тага.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
„Ама повеќе села во Скопска Црна гора - тоа е во непосредна близина на Скопје - се завеани и веќе три дена се без струја“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Читав во „Колибри“ - информираат за сите објекти неутрално: Шула Мина, Крушево, Бунец - Маврово, Матејче - Куманово, Пониква - Кочани, па дури и Љубанци во Скопска Црна Гора.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Па како да се снајдат вашите музи во скопската слама и лој.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Токму кога Пелагија можеше да остане без работа, малку може и поради некој добар збор на Мице Биџов, а најмногу веројатно поради нејзината настојчивост дека има соодветно искуство од прилепскиот тутунов комбинат, таа беше примена на работа во скопскиот тутунов комбинат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дадоа молба, а Мехмед-паша пак, да му биде височината долготрајна, побара од царската милост да му се издаде света заповед за меѓите од селото Булачани во Скопската нахија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од ќерка ви Бреза. LOUSY T-SHIRT Бев десет дена во Охрид, а оттаму право за Крушево отидовме, уште пет дена на планина и пак дома, во скопскиот летен пекол.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Плачевме по пат во автобусот на враќање, толку многу ни беше убаво на летување што никому не му се враќаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)