во (предл.) - смртен (прид.)

Еве сега и градите му се свиваат и му се чини дека земјата се затвора во смртен стисок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ах, Љуба, зарем не разбираш дека ние се наоѓаме во смртна,...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мајка ми, кутрата, кога ќе насетеше како смртта кружи околу нејзината рожба, немајќи сили во себе, нека­ко ѝ се предаваше на смртта, запаѓаше во смртна треска што ја држеше со денови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не бев постар од пет години, но и денес се сеќавам како тогаш тој малечок човек се советува себе си додека се наоѓаше во смртна опасност дека ако успее да застане на нозе и ако продолжи да оди напред сигурно многу брзо ќе излезе на другиот брег на ѓолот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само човекот убива човек. – Кога е човек ранет, тој е готов за носила, но кога е ранет лавот, тогаш тој напаѓа со сите сили – дополни татко ми. – Зошто е така? – праша Чанга. – Човек кога е во смртна опасност, помислува на бога!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
” Во гробот на Богдан му го ставија и албумот што во смртниот час му го најдоа стиснат в раце и со поглед исчезнат во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како и со Паула (Офелија) и со толку други кои исто така се фрлаа да го проверат затворачот, копчињата, додатокот на некое списание, уште еднаш се отвори бунарот во кој надежта се преплетува со стравот а сè во смртниот грч на пајаците во кој времето почнува да отчукува како некакво друго срце во пулсот на играта; од тој момент секоја станица на метрото станува инаква подлога на иднината бидејќи така е решено со играта; погледот на Маргарита и мојата насмевка, едновременото повлекување на Ана кон набљудувањето на затворачот на својата чанта, сето тоа е увертира за обредот кој своевремено почнав да го славам противно на секој разум бидејќи повеќе ги сакам и најлошите утки од глупавите ланци вериги на секојдневната последичност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тажна сум, го постигна тоа, до кај ќе терам вака принцезата во смртна постела ја сакаш!
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)