во (предл.) - угледен (прид.)

Но, може да го изразува и неговиот несигурен и амбивалентен однос кон семејната форма и кон самата хетеронормативна култура: неговиот истовремен презир кон хетеросексуалното семејство, кон неговите вредности, кон неговиот симболизам и неговата емоционална клаустрофобија, од една страна, и, од друга страна, неговата натамошна опфатеност во угледниот и достоинствен облик на живот кој семејството го претставува и во стегите на љубовта кои тоа ги воспоставува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хабиб Бургиба, таткото на нацијата, основачот на Република Тунис, нејзиниот апсолутен господар, со сите дипломи на правните науки во угледните париски универзитети, ги имаше сите претпоставки, да биде првиот творец на граѓанското и повеќепартиско општество во државата Тунис, која по мирен пат (благодарение на генијот на Бургиба) се отцепи од колонијална Франција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сигурно, таа поделена приврзаност може да го оживее или да го подгрее споменот од детството за мајката замислена и како невидено попустлива и како неприкосновено строга, трогната од близината со сина си, а пак морално или естетски згрозена од неговата настраност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Автор е на романите Мемоарите на Хадријан (1951) и Црна мена (1968), на збирката раскази Ориентални приказни (1938), поетската проза Огнови (1936), на подолгите прози (мал роман) Смртен удар (1939) и Ана, сестра.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Родена е во угледно и богато семејство, од мајка Фламанка со благородничко потекло, и татко Французин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ова може да ја одразува интернализацијата на геј-синот на мајчината хетеронормативна моралност и на нејзиното љубовно суспендирање на таа моралност во негова корист, нејзиниот двоен став на отфрлање и прифаќање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)