во (предл.) - ушен (прид.)

Прсти пикна во ушните шуплини и стега за да не го слуша заглушувачкиот и развлечен свиреж на ѓулињата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Спиралниот звук на сирената продираше во ушните школки, копаше, начнуваше сѐ на својот пат, се таложеше во луѓето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Си го доближи увото до неговите усни. Слабо струјкање заудира сосем малку во ушната школка на Глигора. Спиеше длабоко и болно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)