во (предл.) - школски (прид.)

Несреќата е само дека не попаѓа веднаш на правиот пат, како да го издава старата интуиција, а правиот потез намерно се крие од него, како што се крие шалаво дете зад грбот на други деца на одморот во школскиот двор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
18. Не знаев зошто сунѓерот мириса на креда по невидено и упорно плакнење во школските вецеа, но знаев дека неговиот мемливо-карбонатен здив ме стрелкаше, како меч на средновековна соученичка, во предизвик на двобој.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се врати пет – шест години наназад и се виде себе си како води љубов со Билјана, најубавата девојка во генерацијата во школското ве- це кое мирисаше на лајна и амонијак.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Влегувам во школската библиотека и ја земам Гоце Делчев од Ванчо Николески.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Детето по раст личи на Чана, и не само што ѝ стигна до слабината, туку до порвото седнување во школската клупа на сите ќе им се чини како дете од четврто одделение.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Белки ќе ја послуша, белки ќе му дојде акалот во големата гола глава оти нема многу денови кога треба да го седнат во школска скамлија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еднаш, а тоа не беше којзнае колку одамна пред да го забележам пишувањето на Грофот, имав видено цела една поема запишана во школска тетратка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колку што можев да распознаам од сликата на сеќавањето ракописот беше мој!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)