во (предл.) - бескраен (прил.)

И како што продолжи да пишува, сè друго престана да постои, студот и лутината поминаа, а мислите му се расплодија во бескрајно размножување, додека раката со перото му леташе по папирусот брзајќи да ги стигне сите...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повеќе од десетина носеа карти, буклии и стомни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тоа беше некоја негова способност да ја направи поднеслива секоја случка, да ја исуши и претвори во бескрајно зборување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Колку лесно, малечкиот буквален простор се преобразуваше во бескрајно, а заштитено метафизичко катче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пиштењето на несреќникот мина во бескрајно офкање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)