во (предл.) - див (прил.)

Реката секнала, коњите исчезнале, во диво билје обраснале портите на нашите домови, се замаглил и нашиот вид и ништо веќе не распознаваме меѓу ѕвездите: Камење ги затрупува мртвите извори А календарите ги бројат летата што веќе ги нема, што веќе ги нема...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Главната при­влечност на оваа серија на Хичкокови филмови е во самото патување, зашто јунакот во диво темпо паѓа од една ситуација во друга и доживува цела низа од трагикомични авантури (“Саботер” е најслабиот од серијата токму затоа што тој елемент во него е најзастапен); така, во сите три филма од серијата ја пронаоѓаме варијацијата на истата тема: јунакот во бегство пред злосторниците непредвидливо се наоѓа пред 32 Margina #21 [1995] | okno.mk наивното граѓанство, што од него очекува јавен настап и во момент, тој мора да се сети на решението: како најдобро да го при­добие очекувањето на публиката; честопати го решава истото и пред прогонувачите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Журката кулминираше во диво рикање на фолк рефрени од страна на припадниците на гардата и логично завршуваше некаде пред полноќ, кога гардистите уживаа во нежното танго со младите хуманитарки и поличниот дел од секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)