во (предл.) - доста (прил.)

Отсекогаш ме изненадувал фактот што поголем број стрипови се занимаваат со политички идеи во доста насилничка форма или со ситни тривијални моменти од животот, додека пеколната страна на работата, животот, љубовта и на стравот од смрт останува неиспитана. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А работниците, пак, беа во доста лоша финансиска состојба, бидејќи, како што споменавме, веќе две години работеа за без пари!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ниту таа, ниту колегите кои се решиле на ваков чекор – по судски пат да си ги остварат своите права – не се обратија до Трудовата инспекција, бидејќи немаа верба дека овој државен орган нешто би помогнал во конкретниот случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во меѓувреме, таа прави напори за да преговара со газдата, но до тоа не можеше да дојде во реалноста – бидејќи меѓучовечките односи во претпријатието одамна беа нарушени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
СПИРО: (Во доста износени алишта и чевли на својот чорбаџија, од кого е поситен, поради што се му стои некако ненаесто и смешно, влегува полека, дури настојува на прсти, да гази, но нозете, отежнаши од умор, сами тешко му се спуштаат на старите даски од подог, кои се повиваат и предавнички закрцкуваат: и за него чорбаџи Теодос, не помалку отколку за другите домашни, е страшен, но нему тој исто толку му е и смешен.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Затоа, скриено, со лукаво притворство и в очи му се смее, а зад грб нескриено го исмева и го карикира, наоѓајќи во тоа особено задоволство, некаква одмазда за сѐ што трпи од него.) Е, жено, ем бргу, ем полека!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ние ги сакаме и двете.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Приближно во тоа време, пролетта 1900 година, во Кружокот бил примен и Павел Шатев, кој тукушто ја завршувал гимназијата, така што, за разлика од Цариградскиот кружок, кој броел три лица, Солунскиот бил неколку пати поброен и дејствувал дома, во доста поинакви услови отколку што ги имале Мерџановци во Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)