во (предл.) - мошне (прил.)

Во мошне значајниот и во повеќе насоки инструктивен есеј „Еден опит“ со трите поднаслови... „за традицијата и иновациите“, „за откривањето на песната“ и „иднината на поезијата“, Блаже Конески ја сподвижи теоретската размисла за посебностите на индивидуалниот творечки опит кај нас, што може да биде од посебно значење и не само за македонската литературна историографија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нечистотијата се собира под ноктите и одовде: „Колку црното под ноктите“ - во значење на некое мошне мало количество, но во јужнословенската екумена фразеологизмот се појавува во мошне скратен облик: „нокот“ или „црно“; во делот од западното словенско население квантитативната вредност на црното под ноктите преминува во експресивно-квалитативна оценка: кој има црно под ноктите, тој има грев на душата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Феминизмот“ беше злоупотребуван од државниот социјализам за да ги обележи расипаните западни жени кои ги мразат мажите и можат себеси да си го дозволат луксузот да бидат во мошне привилегираните кругови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Денес, во мошне елементарната стварност, се јавува потребата таа да биде естетски посилна и поспектакуларна од каков и да е чин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но секогаш ќе се сеќава дека постои еден мал поробен народ што бара слобода!’ Четвртиот атентатор е во мошне тешка здравствена положба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сепак, тој практично делува во мошне ограничен простор на уметничко егзистирање, а неговите гледачи се истоштени наследници на општествената класа на руската интелигенција.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)