во (предл.) - навидум (прил.)

Овие зборови во нивните мисли добиваа крилја за да ги надлетаат и осветлат мистериите на исчезнатите ориентализми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Фотографиите се распоредени во навидум случајни групи во металните рамки, без некој обид да се обработат хронолошки или по теми.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговата литература нѐ потсетува дека мистеријата не се наоѓа во детективските трилери и хорор-филмовите туку во навидум секојдневното и вообичаеното.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И во навидум старите и заборавани ориентализими, нивното потиснувано значење, често неуспешно заменувано со новите јазични чистења, предизвикани од историски промени, револуции и ослободителни борби, во темелната и објективна потрага на Татко и Камилски, избиваа, се наложуваа, ја сугерираа спрегата со старите зборови во подновените, стандардните јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден број на слики се намерно засенети со Бојсовите материјали, филц и восок, или уништени од разновидни хемиски мешавини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)